Направете сами : Антибактериски гел за туширање

Антибактерискиот гел може да ви биде од голема корист кога се капите во базен, море или езеро, после депилација или едноставно во било која ситуација кога сакате да го освежите вашето тело со корисен антибактериски третман на чистење.

 

Што се ви е потребно за да го подготвите овој антибактериски гел за туширање?

   

За да го направите овој гел потребни ви се следниве состојки:

  • Околу 350мл дестилирана вода 
  • 1-супена лажица тврд антибактериски сапун ( немојте да користите течен антибактериски сапун)
  • 1-супена лажица течен глицерин
  • 1-кафена лажица течен витамин Е
  • Рендалка 
  • Одговарачка чинија за припрема на антибактерискиот гел за туширање
  • 1 мала пластична чинија
  • Миксер или мешалка за нескафе
  • Амбалажа за складирање на гелот

 

 

Како се прави?

 

Во одговарачката чинија, истурете 350 милилитри на дестилирана вода, и ја ставете на шпорет се додека да проврие. Потоа изрендајте антибактериски сапун. Кога водата на шпоретот ќе изврие, во садот истурете го изренданиот антибактериски сапун. Измешајте се додека антибактерискиот сапун не се раствори во водата. Содржината од садот истурете ја во мала пластична чинија. Во истиот сад ставете супена лажица на течен глицерин и сето ова промешајте го добро. Оставете го садот на место каде што нема да ви пречи и почекајте да помине еден ден или околу 36 часа. Кога ќе помине ова време, ќе забележите дека течноста не е повеќе во течна состојба. Подоцна со миксер или со мешалка за нескафе добро измешајте ја содржината и додадете една лажица течен витамин Е. Промешајте го добро сетоа ова и прелијте го во амбалажата за чување на антибактерискиот гел. 

Овој гел не ја суши, но многу добро ја дезинфикува и ја храни кожата. За сето ова се одговорни глицеринот и витаминот Е. Тоа не е случај со антибактерискиот сапун. Антибактериските сапуни успешно делуваат во дезинфекцијата на кожата, но поради грубите состојки кои ги содржи воедно ја исушуваат кожата и им дава помала отпорност на бактериите. Вака припремениот антибактериски гел лесно се применува на кожата и продира длабоко во неа.  Препорачливо е да се користи во лето кога почесто се потите и поради лесната и куса облека што ја носиме нашето тело многу лесно доаѓа во контакт со бактерии од надворешната средина. Затоа користете го во летниот период на плажа и кога излегувате од вода. 

 

 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот