Истовремено остварувајќи го својот сон да живеат слободно без долгови и кредити, но и домот да им биде едноставен и уметнички уреден, Jaimie и Dave купиле два бродски контенјера, едниот од 12 а другиот од 6 метри. Ги споиле во еден простор, и ентериерот комплетно го уредиле сами, по своја замисла и креативност.
- Секој слободен момент, после работа и за време на викендите го користевме за изградба и уредување. Тоа траeше од прилика 10тина месеци - раскажува Jaimie.
Денес, живеат опкружени и во склоп со природата. Имаат широко двориште, овоштарник, стаклена градина.
Во текот на планирањето на нивниот проект=куќа, Dave претрпел низа здравствени проблеми, но не се откажале од својот сон и својата идеа. Додека лежел во болнички кревет, изјавил дека нема време за сето тоа, и дека мора да го заврши нивниот нов дом.
После лекувањето веднаш започнале со акција, а према зборовите на Dave, тоа била вистинска физичка и психичка терапија, која додатно помогнала во неговото излекување.
Во видеото погледнете колку нивната куќа прекрасно изгледа.
https://www.youtube.com/watch?v=EZURIKHf6Es&feature=emb_logo
Извор: 24sata.hr.
Слики: Youtube.
Мора да сте логирани да напишете коментар.