Многу често среќавам постови на Фб и Инстаграм од типот „Ме мразеле зошто имам свое јас, па да јас сум искрена...“ Зошто? Зошто губите време и зошто толку внимание им посветувате на другите? Кое се тие другите и што е важно дали тие ве мразеле или ве сакале? Па мене воопшто и не ме интересира кое е нивното мислење.
Не барајте одобрување
Научете да се сакате себеси, дури и да не им се допаѓа тоа на другите, бидејќи туѓто мислење не треба да ве интересира. Научете се дека нема потреба да се трудите да добиете одобрување од другите за ништо во вашиот живот. Ако не им се допаѓате вие и вашето однесување, тоа е нивни проблем, а не ваш. Време е да се опуштите и да разберете дека она што другите го мислат за вас не е ваша работа и нема потреба да се обидувате да ги предомислите.
Престанете да се докажувате пред другите
Почнете да си го живеете животот онака како што вам ви одговара и не се грижете дали ве мразеле или не, и не наоѓајте објаснувања зошто ве мразеле од типот дека вас сите ве мразат затоа што сте подобри од нив, затоа што сте исркени, отворени и се им кажувате во лице. Престанете да им посветувате постови, престанете на сите да им објаснувате и да им докажувате кои сте вие.
Следете ги вашите интереси за да си удоволите себеси, не затоа што тоа ќе изгледа добро во туѓите очи. Неможе секој да го разбере вашиот пат, а и нема потреба да го разбере. Тоа е вашиот пат.
Контролирајте ги вашите чувства
Време е да почнете да ги конторлирате вашите чувства. Не мора да се потпирате толку многу на другите за да ве расположат кога сте тажни. Вашата среќа и вашето расположение зависи само од вас.
Не се оптоварувајте со тоа како ве дефинираат другите, бидејќи тоа воопшто не е важно. Важно е само како вие се доживувате себе. Важно е дали вие сте задоволни од личноста која што се наоѓа пред вас во огледалото.
Не им дозволувајте на другите да управуваат со вашиот живот и со вашите чувства. Запомнете дека секогаш ќе има некој кој не се согласува со вас, но тоа вас не треба да ви биде важно.
Животот станува многу полесен кога повторно ќе го контролирате и кога ќе почнете да живеете така како што вам ви се допаѓа. Луѓето нема да можат да ве повредат доколку не им посветувате внимание.
Другите луѓе не се лек за вас. Никој не може да ви го подобри животот, да ве спаси, бидејќи тоа и воопшто не е нивна работа. Научете да се потпирате само на себе и ќе ја видите разликата.
Живејте го животот
Што и да правите, никогаш нема да можете да ги задоволите луѓето, а и нема потреба. Секогаш ќе бидете лути, незадоволни, навредени и несреќни. Затоа живејте го вашиот живот според вашите сопствени правила.
Живејте го како што сакате, без да се грижите за мислењата на другите. Живеењето на вашиот живот според правилата и мислењето на другите луѓе нема да ве направи среќни, но ќе го потроши вашето драгоцено време.
Мора да сте логирани да напишете коментар.