Здраво дечки, јас сум од типот на луѓе кои не можат да одолеат на благо, а вие? Доколку и вие сте љубители на десертите, тогаш сигурно ќе ви се допадне статијава. Денес ќе ги споделам со вас моите омилени десерти, и за правење, и за јадење. Многу се едноставни за правење, сите три рецепти се без печење, само правите смеса и право во замрзнувач.
Ќе започнам со оваа рецепта, неслучајно – тоа е едно од првите десерти кои ги имам направено и се разбира е прелесно.
Бомбици од чоколадо и вишни
Најпрво, состојки кои ви се потребни за овој десерт се:
200 гр. мелени ореви
200 гр. рендано чоколадо за готвење
200 гр. шеќер во прав
една лажица џем од кајсии или од нешто друго по желба
2 лажици рум
40тина вишни
Следно што правиме е, ги соединуваме сите состојки заедно (освен вишните). Немате потреба од миксер или друга алатка, најубаво е да измешате со раце. Кога смесата ќе се соедини, се прават топчиња и се полнат со една или две вишни, во зависност од тоа колкави се вишните и колку големи ги правите бомбиците. За декорација, бомбиците може да ги извалкате во ореви или рендано чоколадо. Рецепта за совршен спој на благо со красато од вишните. Може да забележите дека не е воопшто комплицирано да се направи и се прави многу брзо.
Пудинг тарт
Ова е рецепт кој го обожаваат сите кои го пробале, а за него ви се потребни следниве состојки:
400 гр. мелени бисквити
50 гр. шеќер
10 лажици стопен путер (доколку смесата не ви се соединува додадете повеќе)
Во сад се мешаат овие состојки, кога убаво ќе се соединат, се ставаат во тава со хартија. Тавата се става во замрзнувач додека се посготвува следниот слој.
3 јајца
100 гр. шеќер
1 лажица брашно или шеќер во прав
прстофат сол
1 лажичка рум или екстракт од ванила
Во сад се матат јајцата и шеќерот, па се додаваат брашното, солта и румот. Потоа тоа се трга на страна, и во сад на оган се ставаат:
200 мл. млеко
250 гр. чоколадо за готвење
Кога ќе се растопи чоколадото, се додава претходната смеса со јајцата. Се меша додека смесата не се згусне како пудинг. Потоа смесата се става над слојот со бисквити кои претходно го ставивме во замрзнувач.
Додека чекате вториот слој да се стврдне, изматете шлаг или хопла. Кога слојот ‘пудинг’ е стврднат, ставете ја хоплата или шлагот над него, како трет слој. Декорирајте со лушпи чоколадо и уживајте – навистина е превкусно.
Чоколаден мус
Воздушесто слатко задоволство. Предлог десерт кога ви се најавуваат гости а немате спремно благо по дома.
Потребни состојки и постапка:
200 мл. слатка павлака (хопла)
1 лажица шеќер во прав
1 стопено чоколадо
Слатката павлака се мати заедно со шеќерот. Потоа се меша со стопеното чоколадо.
2 белки од јајца
1 лажица шеќер
1 лажица рум или екстракт од ванила
Белките се матат и постепено се додава шеќерот и екстрактот или румот. Потоа слатката павлака се додава во садот со белките и се меша. Смесата се става во фрижидер и се остава 1h за да се стврдне и да ја добие потребната текстура. Декорирајте со чоколадни лушпи и овошје по ваш избор. Не ви се потребни премногу состојки, а добивате интересен десерт.
Мора да сте логирани да напишете коментар.