ФИНАНСИСКИ БЕНЕФИТ
Вложените пари кои сте ги потрошиле за овој производ ке се оправдаат за 5-8месеци. Сето ова значи дека не сме ги потрошиле парите за нешто што не вреди, напротив вложивме во производ кој со правилно одржување ( кое е многу едноставно) може да трае 10-15години. Исто така сите производи така и овој својата цена ја менаџира според неговото потекло, начинот на изработка, квалитетот на материјалот за изработка и брендот. Но не се плашете не чини милиони........
Денес на пазарот од појавата на овој производ ги среќаваме двата бренда Merula Strawberry и Yuuki. Merula Strawberry на пазарот доаѓа со силна розева боја и уникатна торбичка за одржување и прилагодена за патувања со уникатен принт на цвеќе и јагода. Цената на производот варира од 1.500 до 2.000 денари во склоп со различните големини но и различните примени: Merula Fox за обилно крварење ( околу 1.900ден), Merula Midnight XL Strawberry, Merula Calaxy и Merula Apple (околу 1.600ден). Нешто поефтина варијанта е вториот бренд Yuuki. Yuuki е менструална чашка изработена од мек силикон и специјален контејнер за складирање после отворањето. Од Yuuki брендот на пазарот се достапни: Yuuki clasic Yuuki soft, и Yuuki Rainbow во варијабилност на цените од 1.350 до 1.600 денари.
ЗДРАВСТВЕНА СИГУРНОСТ
Што се однесува на здравствената сигурност со употребата на менструалните чашки нема појава на инфекции и ризик од алергиски реакции. Исклучена е и појавата на ТЅЅ синдромот на токсичен шок. Менструалната чашка е изработена од 100% медицински силикон.
БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊА И БЕЗ ХЕМИКАЛИИ
ДА!! Имаат апсолутна удобност при употреба, погодни се за спорт, пливање и сите останати активности. Менструалната чашка не се поместува бидејќи се држи прилепена за вагиналните мускули а и формирањето на благ вакуум кој се формира во внатрешноста на чашката не дозволува мрдање на истата. Што се однесува до непријатните миризби бидете спокојни. Единствено типичен мирис на крв, воздух и хемикалија се јавува со употребата на влошките и тампоните.
ПОТЕКЛО
Yuuki менструалната чашка е поризведена во Чешка додека Merula е произведена во Германија. И двете се направени од сертифициран и безбеден силикон без хемиски додатоци како што се пластификаторите и состојките од животинско потекло. На пазарот овие чашки се појавуваат во 2017година.
КАКО ДА ЈА ИЗБЕРЕМЕ ВИСТИНСКАТА МЕНСТРУАЛНА ЧАША?
Најпрво кога веќе сте одлучиле да ја користите треба да обрнете внимание на тоа:
Колку години имате? Нема ограничувања во возраста за употребата на производот но важна е големината на менструалната чашка која треба да ви овозможува прилагоденост а не тежина. Секоја од чашките е прилагодена со димензии па според нив можете да се координирате.
- Дали имате деца? Многу важно! Бидејќи вагината е растеглив орган кој не секогаш се враќа во првобитна состојба после породување затоа изборот на соодветната големина на менструалната чашка е од есенцијално значење.
- Должината на менструалниот циклус? Секоја жена има различно времетраење на својот менструален циклус(3,5 или 7 дена). Сите менструални чашки на овој бренд имаат и соодветен канистер на самата чашка со мерилка.
- Висина на грлото на матката ( тоа може со најточни информации да ви го каже вашиот гинеколог); важен податок при избор на менструална чашка.
- Цврстина на вагиналните мускули.
Во прилог на статијата наведени се параметрите на менструалните чашки од двата бренда за полесен избор при купување:
Yuuki Soft
Величина: Мала/Голема
Должина:67мм / 74мм
Пречник: 46мм / 46мм
Капацитет: 20мл / до врв 25мл - 33мл/до врв 38мл
Цврстина на силиконот: 3
Yuuki Clasic
Величина: Мала / Голема
Должина:67мм / 74мм
Пречник: 41мм /46мм
Капацитет: 20мл/врв 25мл / 33мл /врв 38мл
Цврстина на силиконот: 5 / 5
Yuuki Rainbow
Величина: Мала / Голема
Должина:67мм / 74мм
Пречник: 41мм / 46мм
Капацитет: 22мл/до врв 25мл - 33мл/38мл
Цврстина на силиконот: 2.5 / 2.5
Merula
Величина: Мала / Голема
Должина: 72мм / 72мм
Пречник: 40мм / 46мм
Капацитет: ххх до 38мл / ххх до 50мл
Цврстина на силиконот: 4 прстен 3 тело / 4прстен /3 тело
Мора да сте логирани да напишете коментар.