Мирисни ноти - Ниски мирисни ноти на парфеми - ( ТРЕТ ДЕЛ)

МИРИСНИ НОТИ - ЧЕМПРЕС, КЕДАР И ГВАЈАК ( ЖЕЛЕЗНО ДРВО)

  ЧЕМПРЕС

čempres

 Дрво која има неверојтна историја која трае двеста милиони години. Првите докази за постоење на ова дрво потекнуваат од Египет  кои се користеле во изработката сандуци за мумиите. Во Грција од ова дрво се правеле урни  во кои се чувал пепелот на паднатите војници. Исто така ова дрво е едно од најпопуларните и се смета како обележје во Американските градни кои се сметаат за фамилијарни дестинации од 1931година. Освен оваа долга историја ова дрво исто така и има и историја во медицината притоа користејќи се како лек за регулирање на циркулацијата, запирање на крварењата и инхалација. Старите Грци сметале дека етеричното масло од ова дрво ги прочистува мислите при стресни ситуации. Неговата мирисна нота е исклучиво стабилна и силна, како и карактеристична и препознатлива. За изработката на парфеми и колонски води најчисто се користи есенцијално масло од чемпрес или неговиот т.н. апсолут. Етеричното масло од чемпресот е делумно детерпентизиранои се добива од игличките. Одличен е во комбинација со цитрусните ноти. Исто така е одличен и за добивање на мирисни бази. Најпознати парфеми со оваа мирисна нота се: 

Acqua di Parma Cipresso di Toscana

Annick Goutal Les Nuits d’Hadrien

Annick Goutal Ninfeo Mio

Bond no 9 Brooklyn

Cartier Le Baiser du Dragon

Chanel Allure Sport eau Extreme

Chanel Sycomore

Comme des Garcons Wonderwood

Dior Bois d’Argent

Dior Poison

Diptique Tam Dao

DS & Durga Mississippi Medicine

Etat Libre d’Orange Tom of Finland

Etro Ambra

Halston Z14

Jo Malone Wood, Sage & Sea salt

Lalique Encre Noire

M. Micallef Royal Vintage

Parfum d’Empire Wazamba

Rochas Mystere

Tom Ford Italian Cypress

Van Clef & Arpels Gem

КЕДАР

kedar

 Прва мирисна нота која се користела во производството на парфеми. Се среќава насекаде во светот но најповеќе го среќаваме на Хималаите и Медитеранот. Датира многу години како многу скапоцен подарок од природата и како симбол на небото, земјата и подземјето. Кедарот својата примена ја наоѓа во медицината, дрвената индустрија, козметиката но и ароматерапијата. Има висококвалитетни својства за смирување и релаксација. Кедролот е најкористената состојка од ова растение во прикривање на непријатните мириси. Постојат повеќе видови на кедар: Либански, Кипарски, Хималајски и Атласки. Најпознат вид на кедар е либанскиот и е често споменат во библијата како свето растение. Од непознати причини овој вид на кедар изумира па затоа за потребите од етерично масло од кедар во парфимерската индустрија не се користи. Најчесто се користи етеричното масло од Атласкиот кедар кој има доста варијации и доста автентичен мирис на кедар. Најпознати парфеми со оваа мирисна нота се: 

April Aromatics Precious Wood

Armani Privé Cedre Olympe

Avon Timeless

Azzaro Visit

Bentley for Men

By Kilian Straight to Heaven

Byredo Super Cedar

Cartier Declaration

Christian Lacroix Tumulte Pour Homme

Comme des Garcons Sequoia

Comme des Garcons Wonderwood

Creed Royal Oud

Creed Spice & Wood

Demeter Log Cabin

Diptyque Tam Dao

Dolce & Gabbana Light Blue

DSquared She Wood

Fendi Theorema

Gorilla Breath of God

Gucci Pour Homme

Gucci Rush for Men

Hermes Terre d’Hermes

Hermes Voyage

Hugo Boss Deep Red

Lalique Equus

Lancome Tresor in Love

Le Labo Chant de Bois

L’Occitane Cedre

Moschino Couture

Nasomatto Black Afgano

Panouge Cedarstorm

Premiere Note Cedar Atlas

Parfums et Senteurs du Pays Basque Cedres Du Liban

Penhaligons Opus 1870

Shiseido Femininte du Bois

The Merchant of Venice Cedarwood

Zara Black Pepper & Cedarwood

ГВАЈАК (ЖЕЛЕЗНО ДРВО)

gvajak

   Е едно од најмалите и најтврдокорните дрва во светот. Уште наречено и дрво на животот. Доаѓа од прашумите на Аргентина и Парагвај. Има специфичен мирис со примеси на катран. Употребата на ова дрво низ историјата се засновало на неговите ароматични својства. Се користело како дрво за мебел и огрев. Во медицината се користело како диуретик, лаксатив, за зголемување на потењето при грозница, третирање на кашлица и артритис. Есенцијалното масло се добива со парна дестилација. Се комбинира со јасмин, бергамон, каранфил, ванила, мошус и амброзија. Парфеми со оваа мирисна нота се: 

Aftelier Embers and Musk

Ajmal Ambre Pimente

Ajmal Bling

Amouage Jubilation XXV

Andrea Maack Birch

Apoteker Tepe The Holy Mountain

Armani Code for Men

Armani Diamonds for Men

Atelier Cologne Rose Smoke

Boadicea The Victorious Decade

Burberry London for Men

Bvlgari Man in Black

Bvlgari Omnia Cristalline

By Kilian Extreme Oud

Carner Palo Santo

Carolina Herrera 212 Men

Caron Nuit Fraiche

Celine Eau de Californie

Cerruti Pour Homme

Elementals Wood

Fragonard F!

Frederic Malle Musc Ravageur

Galimard Gaiac Precieux

Ghost Etherno

Givenchy Organza

Granado Sandalo

Guerlain Bois d’Armenie

House of Matriarch Antimony

House of Sillage The Classic

Jo Malone Amber & Patchouli

Le Labo Gaiac 10

Le Labo Oud 27

Le Labo Tabac 28

Le Labo Vanille 44

Lomani Mister Lomani

M. Micallef Gaiac

M.Micallef Vanille Gaiac

Maison Francis Kurkdjian Aqua Vitae

Maison Margiela By The Fireplace

Oriflame Dark Wood

Pal Zileri Lab

Parah Black Touch

Parfums de Marly Carlisle

Parfums de Marly Layton

Penhaligon’s Agarbathi

Ralph Lauren Supreme Oud

Replay for Him

Replay Intense for Him

Robert Piguet Bois Noir

Serge Lutens Un Bois Vanille

Sfumato Survival Instinct

Slumberhouse Ore

Sospiro Diapason

Thameen Carven Oud

The Different Company Santo Incienso

The Merchant of Venice Oudelight

Zara Palo Santo

НАЈСКАПИТЕ МИРИСНИ НОТИ -Ambergris и Oud

Ambergris 

Sperm Whale

Мирисна нота долго време прекриена со мистерија поради нејзините физички особини и непознатото потекло. Во науката е наречена злато кое плови. Настанува со стврднување на морската пена или според науката од птичјиот измет во морето. Сеуште не е докажано. Се смета дека поради исхраната на китовите која е богата и изобилува има тендеција да ја создаде оваа супстанција. Првобитната смеса има многу непријатен мирис, поради тоа што китовите од својата утроба го излачуваат по пат на повраќање и ексекреција. Подоцна со самото пловење на површината и собирајќи разни материи од различен вид оваа смеса добива многу пријатен мирис станува леплива. Најпознати пронаоѓалишта на оваа смеса се обалите на Бразил, Јапонија, Кина, Африка, Мадагаскар и Сицилија. Како супстанција или додаток во парфемската индустрија ова супстанција се користи многу ретко а во некои земји е строго забранета. Има мирис на нежен мошус. Прочуениот филмски антихерој  Ханибал Лектор имал своја посебно изработена крема за раце по рецепт направен во Фиренца со додаток на оваа мирисна нота мешана со лаванда. Се смета дека Ambergris  е кралска супстанција во парфемите, колонските води и кремите за раце што секој неможе да си ја дозволи. 

Oud

o.41323-409x237.jpg

Најскапата супстанција која е користена во парфимерската индустрија. Претставува дрво кое навидум нема никаков мирис но после нападот на инсекти добива многу специфичен и невообичаен мирис. Се споредува со сандал дрвото. Парфемот со оваа мирисна нота се смета за еден од најтрајните мириси во светот. Парфеми со оваа нота се: Yves Saint Laurent M7, Amouage Homage Attar i Jubilation, Creed Royal Oud. Christian Dior Leather Oud, Jo Malone Oud and Bergamot, Le Labo Oud 27, Tom Ford Oud Wood i Noir de Noir, Trussardi Amber Oud, Gucci Oud 

 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот