Низ историјата на филмот, и од првите доделувања на Оскарите, најпрестижната филмска награда доделувана од Академијата за филмски уметности и науки на Соединетите американски држави, од 1929 година па до последните овогодишни, многу филмови ја понеле титулата Оскар во разни категории.
Но само 4 филма можат да се пофалат со статусот добитници на 10 или повеќе оскари. Заедничко за сите нив е тоа што се добитници во две од петте најјаки категории, за Најдобар филм и за Најдобра режија.
Во продолжение ви ги претставуваме, како и категориите во кои се закитиле со наградата Оскар.
- West Side Story (Приказнa од западната страна) [1961]
Жанр: Мјузикл
Вкупно: 10 оскари
Оскар за:
- Најдобар филм
- Најдобра режија (Robert Wise/Jerome Robbins)
- Најдобра споредна машка улога (George Chakiris)
- Најдобра споредна женска улога (Rita Moreno)
- Најдобра уметничка и артистичка продукција
- Најдобра кинематографија
- Најдобра костимографија
- Најдобра монтажа
- Најдобра песна
- Најдобар звук
- The Lord of the Rings: The Return of the King (Господар на прстените: Враќање на кралот) [2003]
Жанр: Фантазија, авантура, драма
Вкупно: 11 оскари
Оскар за:
- Најдобар филм
- Најдобра режија (Peter Jackson)
- Најдобро адаптирано сценарио (Philippa Boyens, Fran Walsh, Peter Jackson)
- Најдобра уметничка и артистичка продукција
- Најдобра костимографија
- Најдобра шминка и фризура
- Најдобра оригинална музика
- Најдобра песна
- Најдобро аудио уредување
- Најдобри визуелни ефекти
- Најдобро филмско уредување
- Titanic (Титаник) [1997]
Жанр: Драма
Оскари: 11
Оскар за:
- Најдобар филм
- Најдобра режија (James Cameron)
- Најдобра уметничка и артистичка продукција
- Најдобра кинематографија
- Најдобра костимографија
- Најдобро филмско уредување
- Најдобар саундтрак
- Најдобра песна
- Најдобро аудио уредување
- Најдобро аудио миксање
- Најдобри визуелни ефекти
- Ben-Hur (Бен Хур) [1959]
Жанр: Историски
Оскари: 11
Оскар за:
- Најдобар филм
- Најдобар режисер (William Wyler)
- Најдобра продукција
- Најдобар актер (Charlton Heston)
- Најдобра споредна машка улога
- Најдобра кинематографија
- Најдобро аудио миксање
- Најдобра песна
- Најдобра костимографија
- Најдобри физуелни ефекти
- Најдобро филмско уредување
Мора да сте логирани да напишете коментар.