Не пропуштајте: Пристигнаа првите прозирни маски за лице

Повеќе не треба да го криете лицето. Првата транспарентна заштитна маска за повеќекратна употреба, се појави на пазарот. Не само што е удобна за носење, туку помага и во намалувањето на загадувањето на животната средина, бидејќи може да се користи повеќе пати.

 

Производителите објаснуваат дека оваа маска е направена од медицински силикон, што ја прави огноотпорна и целосно рециклирачка.

 

 Филтерот инсталиран внатре во самата маска е дизајниран за да може да се користи околу еден месец и лесно може да се замени.

Прочистувањето на воздухот се одвива во три фази: употреба на активиран јаглерод, ХЕПА и УВ-Ц.

 

Најважно од се дека постојат три типа на филтри, во зависност од марката на производот. Тие се наоѓаат во пределот на брадата, оставајќи ги видливи устата и носот.

 

Маската не се замаглува додека зборуваме и не пречи во отклучување на екранот на паметниот телефон со Face ID. Цената на производот започнува од $49 и достигнува $100, во зависност од моделот што ќе го изберете.

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот