Подответе се за новиот бран на пандемијата - Со овие витамини, организмот полесно ќе се справи со коронавирусот

Во услови кога светот се бори со засега една од најголемите пандемии во 21-от век, лекарите ширум светот , пред се руските дојшле до заклучок дека организамот може успешно да се справи со коронавирусот ако секојдневно се внесува одредедна група витамини. Истражувањата покажале дека луѓето кои внесуваат повеќе витамини и минерали можат да бидат помалку загрижени за своето здравје и дека вирусот ќе ги „заобиколи“. Затоа докторите препорачуваат луѓето да го зајакнат имуниот систем, затоа што и доколку бидат заразени од коронавирусот полесно ќе се спрват со него.

Еве ја листата на витамини кои треба да ги пиете за да се подготвите за новиот бран на пандемија.

Витамин Ц - е еден од клучните витамини за зајакнување на имуниот систем. Во сезона на настинки, грипови и пандемии се препорачува да се зема двапати на ден по 500мг. Во тешки случаи ( болнички третман), витаминот Ц се дава интервентно. 

Витамин Д3 - Без доволно количество на овој елемент имунолошкиот систем не може да функционира нормално. Можете да го набавите во аптеките во вид на капки или таблети и да го внесувате по препорака за фармацевт или лекар.Овој витамин во летните месеци го има во поголеми количини во организмот, затоа што изложеноста на сонцето го потикнува неговото продуцирање во телото, па овој период се препорачува внес на помали колични.

Мелатонин - се зема ноќе во дози од околу 0,3 мг до 2 мг. Докажано е дека пациентите заразени со Ковид-19 добиваат шема на спиење како лекарска препорака и затоа дефинитивно треба да им се препише мелатонин. Важен е за правилно функционирање на целиот организам. Факт е дека без добар сон, нема добар одмор!

Цинк - се препорачува од 75 до 100 мг на ден, а со текот на времето дозата може да се намали на околу 50 мг. Околу 25% светската популацијата страда од недостаток на цинк во организмот, што е честа последица на неисхранетост или долготрајна употреба на одредени лекови. Цинкот намногу им е попотребен на оние кои имаат дијабетес, бидејќи во нивниот случај тој брзо се излачува во урината. 

Магнезиум - го јакне нервниот систем, работата на мозокот и мускулите. На секој човек му е потребен внес на дополнителни количини на магнезиум, затоа што темпото на живеење е пребрзо и исполнето со стрес и со притисоци со кои не може да се справи организмот. За нормално функционирање на умот и телото, оптимална дневна доза на магнезиум е 375 мг.

Доколку имате симптоми на коронавирусот или едноставно ве гребе грлото поради алергија или обичен грип, како дополнителен совет од стручните лица е да земате што е можно повеќе течности. Течноста ќе спречи дехидрираност на организмот, што може да има сериозни последици по здравјето. Затоа, се препорачува во текот на денот постојано да пиете по малку течност пред се вода потоа чај без шеќер или засладен со мед или друг природен засладувач, лимонада и зеленчукови супи.

Во летните месеци се препорачува секојдневно конзумирање на свежа лимонада. Експертите докажале дека лимонадата во комбинација со циметот го зајакнува имунитетот.

 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот