Осум познати светски градови и настанокот на нивните прекари

Ако веќе работите на списокот за патувања во 2021 година еве кои места можете да ги додадете и нема да згрешите.

Преку уметност и архитектура, поглед на вода, историја и култура, некои места го прават тоа пребарување исклучително лесно. Не станува збор само за одлична храна и ноќен живот, туку за градови кои се познати и по својата историја, преполни со знаменитости.

 

Ги одбравме следниве градови:

 

  • Њу Јорк: Големото јаболко 

Њу Јорк е познат по многу прекари - како што се „Градот што никогаш не спие“ или „Готам“ - но најпопуларниот е веројатно „Големото јаболко“. Како го добил овој прекар? Иако употребата на фразата е документирана во раните 1900-ти, терминот прв стана популарен во 20-тите години на минатиот век, кога спортски писател започнал колумна за трки со коњи наречена „Околу големото јаболко“.

 

 

 

 

  • Женева: Мировниот главен град

Женева е втор најнаселен град во Швајцарија, град познат по својата дипломатија. Женева не само што е дом на европскиот штаб за Обединетите нации, исто така во Женева се основани меѓународни организации како што е Црвениот крст и каде беа потпишани Женевските конвенции, серија договори за подобрување на ефектите од војната врз војниците и цивилите. Тогаш се чини дека е соодветно што Женева е позната како „Мировен главен град“. Тој го разви својот уникатен лик уште од 16 век.

 

 

 

  • Торонто: Калливиот Јорк

 „Калливиот Јорк“ звучи како прекар што би било подобАР за Њу Јорк кога врне. Но, тоа е всушност прекар за градот Торонто во Канада. „Калливиот јорк“ се однесува на времето во историјата на Торонто кога немал систем за одводнување или канализација. Тој е најнаселен град во Канада мултикултурен град и финансиски и трговски центар на земјата.

 

 

  • Ушуаја: Крај на светот

Градот Ушуаја бил формиран од англиски мисионери, претставувал казнена колонија и поморска база за аргентинската морнарица. Ако патувате на југ, према Јужниот пол може да стигнете до Ушуаја, град во регионот Патагонија во Аргентина кој вообичаено се смета за најјужниот град во светот, заработувајќи го прекарот „El Fin del Mundo“ („Крајот на светот“).

 

 

  • Лас Вегас: Градот на Гревот

Лас Вегас е едно од најуникатните места во САД. Град познат по ноќниот живот и своите казина. Над 40 милиони луѓе го посетуваат секоја година за да уживаат во коцкањето и блескавите претстави. 

 

 

  • Мумбај: Градот на соништата

Изграден е на локалитет на античка населба и го добил името по локалната божица Мумба. Со проценето население од 18,4 милиони луѓе, Мумбај е еден од најнаселените градови во Индија. Мумбај не е само финансиски центар на Индија, туку е и дом на Боливуд ,една од најголемите филмски индустрии во светот, што го прави овој град особено привлечен место за живеење. Можностите тука се бесконечни, поради што Мумбај честопати се нарекува „Град на соништата“.

 

 

 

  • Сиднеј: Град-пристаниште

Сместен на југоисточниот брег на Австралија, Сиднеј е најстариот град во Австралија. Некогаш како главен пристанишен град, Сиднеј понекогаш се нарекува и „Град-пристаниште“. „Оперската куќа“ еден од најпознатите објекти во светот се наоѓа на самото пристаниште на градот.

 

 

 

  • Каиро: Град на илјада минариња

Каиро не е само најголемиот град во Египет, туку е и еден од најголемите на Блискиот исток. Познат е по својата богата историја и служи како центар за филмска и музичка индустрија во регионот. Каиро е исто така познат по изобилство на исламската архитектура, а тоа е една од причините за неговиот епитет „Град на илјадниц минариња“.

 

 

  • Париз: Град на љубовта

Место каде романтиката и историјата се рамо до рамо. Без разлика дали францускиот се смета за „јазик на љубовта“ или заради романтичните прошетки по реката Сена, Париз го носи прекарот „Град на љубовта“. Долго време е главен центар на писателите и уметниците. Љубов и убавина може да се најде насекаде низ Париз, од пријатните кафулиња до мостот „Уметност“, на кој вљубените парови закачуваат катанци, за да ја покажат својата посветеност едни према други.

 

 

 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот

Сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори; зашто секој што сака – добива, и кој бара – наоѓа, и на оној што чука, ќе му се отвори.