Корисни совети кои ќе ви помогнат да ги ублажите непријатните симтоми на ПМС

    Пред добивање месечен циклус сте, вашето тело е како неексплодирана бомба, а и вашето расположение е на прилочно исто ниво. И најмала ситница, нешто што излегло од вообичаениот тек на работите знае да ви предизвика незадоволство и нарушување на доброто расположение. Болката во стомакот и половината ве попречуваат нормално да функционирате, а во одредени периоди од денот имате чувство дека сте како надуен балон. Во некои моменти ви доаѓа и желба да заплачете. Не поради некоја посебна причина. Ниту вие самите не умеете да разберете зошто сте почнале да плачете. Не се обидувајте да сфатите.Одговорот е едноставно кај вашите хормони.

       Доколку ви е за утеха ПМС не поштедува никој од женскиот пол. Само кај некои, симтомите, сите на купче (болка во стомакот, половината, отечени гради, главоболка, промена на расположението, појава на акни и сл.) се повеќе изразени, а некои пак успеале да создадат одбрамбени механизми како едноставно да си помогнат во овој критичен период т.н предменструален синдром.

      Прво што треба да разберете е тоа дека ова не е долготрајна ситуација. За една седмица се ќе се врати повторно во нормала. Со воведување на некои промени во голема мера ќе успеете да си помогнете самите на себе и да намалите поголем дел од непријатностите што ви ги создава ПМС.

   За почеток направете промена во исхраната. Зголемете го внесот на храна богата со магнезиум. Бананите се одличен извор на магнезиум. Во овие топли летни денови смути од банана би било одличен избор за вас. На менито додадете и јаткасти плодови, зголемете го внесот на течности. Нема ништо покорисно и поздраво од вода, а на овој начин ќе и помогнете и на вашата кожа.

    Измијте го лицето навечер со изладен чај од камилица или нане, на тој начин ќе ја одржите кожата на лицето свежа и без акни. Тука се и лосионите против акни доколку не верувате многу во ефектот на алтернативните методи.Намалете ја главоболката со состојки што ги имате во вашата кујна. Исечете на крукчиња компири и ставете ги на челото. Разладувањето би ја ублажило болката. Разгалете се со миризлива купка или препуштете се на задоволството што ви го дава туширањето. Болките во стомакот намалете ги со топли облоги. Зголемете ги вашите физички активности. Освен што ќе ви помогнат во ублажувањето на симтомите на ПМС дополнително ќе допринесат за одржување на вашата телесна тежина. Доколку не сте љубител на активно вежбање, започнете со пешачење во природа. На тој начин ќе успеете да ги средите вашите мисли и да воспоставите хармонија со самите себе.

    За крај ограничете го внесот на соли и кофеин, верувајте во моќта на природата која работи во ваша корист, сакајте се прво себе, дозволете си разгалување и водете сметка за вашето репродуктивно здравје.

    Доколку некој од симтомите на ПМС навистина многу ве оптоварува совет може да  побарате од вашиот матичен гинеколог.

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот