Последните мигови пред смртта: Какви визии имаат луѓето пред да ги затворат очите?!

Моментот познат визја или сон со „отворени очи“ пред да настапи смртта кај човекот е примамлив за истражување нив вековите. Научниците низ историјата од различни култури од античко па се до модерното доба се трудат да откријат кои се последните слики што луѓето ги гледаат пред да заминат од овој свет.

Група научници од Њујорк истражувајќи го овој феномен со околу 70- тина испитаници, заклучиле дека скоро сите луѓе во пресрет на смрта пред да влезат во т.н „ тунел“ кој ги поврзува овоземскиот и светот на умрените, ги гледаат починатите пријатели или роднини. Добар дел од нив изјавиле дека гледале некава белсок кој го споредувале со сончева светлина, потоа жена облечена во бело која ги води низ тунелот, а имало и такви кои кажале дека имале средби со верски личности па дури и со Бог.

Научниците од њујоршкиот колеџ Канзиус не навлегувале во она што всушност го доживуваат луѓето на нивната смртна постела и дали има нешто паранормално или станува збор само за игра на мозокот, туку на преставите кои им се прикажуваат пред очи и каков ефект имаат врз нив. Се покажало дека овие визии се корисни врз психата на оние што се заминат од овој свет, односно дека ваквите слики им помагаат полесно да преминат од едната на другата страна.

Имено тие разговарале со 66 пациенти на болничка постела и при тоа дознале дека секој од нив има барем по една визија дневно. Околу половина од визиите им доаѓале во сон, но кажале дека им изгледале крајно реалено. Интересно е што видувањата на починатите пријатели или роднини испитаниците го опишале како нешто што ги смирувало и делувале безгрижно пред да заминат од овој свет. 

Утврдено било и дека визиите може да се јавуваат со месеци и денови, а биле се почести како се ближи „судниот ден“.

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот