Манчестер Јунајтед, Челзи и Лестер Сити во финална битка за место во Лигата на шампиони

 

Денеска од 17 часот се игра последното, 38 коло во рамките на Премиер лигата.
Шампионот на најелитното англиско натпреварување познат е пред неколку кола благодарение на убедливата сезона која ја имаше тимот на Ливерпул, за кого воедно тоа беше и прва титула во Премиер лигата, откако за последен пат ја освоија тогашната Англиска прва дивизја, во сезоната 1989/90.

 

Втор на табелата и сигурен патник во најелитното европско натпреварување догодина е екипата на Манчестер Сити. За третото, односно четвртото место кои водат до директен пласман во Лигата на шампиони денес ќе се борат екипите на Манчестер Јунајтед (63 бода) , Челзи (63 бода) и Лестер Сити (62 бода).

Да завршницата биде неизвесна до самиот крај, екипите на Лестер Сити и Манчестер Јунајтед во директен дуел ќе решаваат која од тие две екипи ќе биде вкупен победник, а која губитник на сезоната, од причина што за реално очекување е дека Челзи кој е фаворит на домашен терен против екипата на Волвс ќе освои барем бод, со кој математички за местото во ЛШ отпаѓа или Лестер Сити или Манчестер Јунајтед. Но фудбал, а во него можно е се !

Постои комбинација во која со евентуален пораз на Челзи, а реми на Лестер и Јунајтед тимот од Лондон ќе биде престигнат од Лестер поради подобра гол разлика, а Јунајтед ќе остане на третата позиција.

Во сета оваа комбинаторика секако во најповолна ситуација се наоѓа тимот од Олд Трафорд на кој ќе му биде доволен и поен за сигурно 4то место, односно победа за сигурно 3то место.

 

Ништо помалку интересна нема да биде ни борбата за опстанок во која шанса да останат и догодина во Премиер лигата и своето сигурно место за спас ќе го бараат 3 екипи (Астон Вила, Вотфорд, Борнмаут) од кои две од нив на крајот од колото ќе бидат сигурни патници во Англиската втора лига (Чемпионшип лига). Сите 3 екипи своите наптревари ги играат нагости. 

Астон Вила гостува кај Вест Хем, кој минатото коло благодарение на нерешениот резултат во Манчестер обезбеди опстанок.
Вотфорд ќе патува на „Емирејтс“ стадионот во едно тешко гостување кај екипата на Арсенал, додека Борнмаут игра со Евертон.

 

Што вели математиката?

 

Астон Вила со нерешен резултат, ако притоа не победи екипата на Вотфорд ќе обезбеди опстанок, без разлика од исходот на мечот Евертон - Борнмаут

Доколку победи со 1 гол разлика, а Вотфорд со 3 гола, поради подобра гол разлика екипата на Вотфорд останува во Премер Лигата

Комбинација за спас на Вотфорд е и комбинацијата пораз на Астон Вила, а нерешен исход на мечот Арсенал - Вотфорд.

Во меѓувреме единствена шанса за Борнмаут е пораз и на Астон Вила и на Вотфорд, а нивна минимална, но победа против Евертон, што ќе значи опстанок за нив.

 

Ништо не е решено и невозможно, бидејќи низ историјата на фудбалот често сме биле сведоци на многу трилер завршници, во кои потонале тие со предност и голема шанса, а се спасувале скоро отпишаните.

 

Останати натпревари кои ништо не решаваат:

 

Барнли - Брајтон

Кристал Палас - Тотенхем

Манчестер Сити - Норич

Њукасл Јунајтед - Ливерпул

Саутемптон - Шефилд Јунајтед

 

Да почекаме, да уживаме во последното коло на Англиската премиер лига, и да ја дочекаме конечната развршница.

 

 

  

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот

Низ мојата омилена парола "Without ART, Earth is just just EH", во прв план и како за мене битни секогаш ги ставам музиката, филмот и уметноста општо. Понекогаш и некоја добра книга, и фудбал секако. Обожавам квизови и енциклопедии, а батериите највеќе ми ги полнат звуците на природата, далеку од метежот и гужвите.