Постои ли пријателство помеѓу момче и девојка? Вечна дилема. Пријателите се наше најголемо богатство, со ова ќе се сложите сите. Но, колку од нив се вистински тоа е друга тема. За разлика од порано, кога било чудно и невозможно да кажеш дека момче и девојка се другари, во денешно време, не само што не е необично туку е и природно да имаш блиска особа од споротивен пол со кого можеш да си размениш проблеми, но и од каде можеш да добиеш совет.
Психологијата на мажите е таква, што момче не ни почнува да комуницира со девојка, доколку нема барем малку симпатичност. Од друга страна момчињата можат и се вистински пријатели, но многу искуства говорат дека пријателството во најголем број случаи се претопува во љубов, од една или друга страна.
Девојка раскажува: Пред многу години во средно, имав другар, кој за мене беше само искрен пријател, а тој посакал многу повеќе од тоа. Пријателски расчистивме дека немам таква намера, по што останавме пријатели, но за жал не толку блиски. Се среќаваме и сега на кафе кога можеме и покрај тоа што е оженет и има дете. Во една прилика ми рече: Среќа што не ти се свиѓав, немаше да останеме вакви другари, но додаде: Всушност кој знае, доколку останевме заедно можеби ќе ни беше подобро.
Девојките се поотворени за разлика од момчињата. Тие често знаат да побараат совет како да пристапат до момчето кое им се допаѓа, или дали изгледаат привлечно и убаво ...Момчињата пак, се потаинствени. Комплименти делат доколку искрено го мислат тоа, а совети за останати момчиња би ви дале само доколку сакаат да бидете среќни. Па, добро размилите, кој сака да ве гледа среќна?
Секако тоа е само оној на кого му значите нешто.
Од друга страна и општо за прителство кога се зборува, тоа се лица со кои се чувствувате пријатно, среќно. Ви одговара муабетот, сигурни сте дека се што сте кажале, а ви тежело на душа, ќе остане кажано во четири очи.
А кога зборуваме за истополово пријателство, искрено пријателство ви важеле истите правила, но, се наметнува дилемата: Кој сака да сме среќни, убави, насмеани, радосни, привлечни и да сме постојано заедно?
Секако тоа е личност, која не гледа со малку поинакви очи.
Многу искуства има на пријатели кои откако еден ќе ги каже чувствата се застанува тука, па следува прашањето: Како не забележав?
Потребно е да се разбере дека страста и привлечноста можат да победат над разумот, а тоа може да доведе до уништување во прво време на другарувањето, а подоцна и на семејството.
Пријателството помеѓу момче и девојка или маж и жена обично се споредува со брат и сестра. Но, доколку пред вашиот другар дури ни во домашни услови не сакате да се појавите не средена, поточно без шминка и фризура, треба да размислите, дали навистина го чувствувате како сако како другар, или многу повеќе од тоа.
Момчињата и девојките можат да бидат пријатели, но само доколку едниот од нив е искрен кон себе си и секако доколку може навреме ја повлече границата. Ова не значи дека штом нешто забележите да се скарате и да прекинете убава пријателска врска, но внимателно треба да ги потенцирате границите кои треба да ги почитувате доколку не сакате да го изгубите вистинското пријателство.
Вистинските пријатели никогаш не се љубоморни еден на друг. Токму поради тоа доколку вашиот „другар“ или „другарка“ покаже љубомора, зошто пиете кафа со друга личност, е доволен показател да се подзамислите, дали пријателството преминува во нешто друго.
Прашањето дали постои пријателство помеѓу момче и девојка останува вечна дилема. Психолози постојано прават истражувања на оваа тема. Но, кога се однесува нешто лично на вас, одговорот може да си го дадете само вие и никој друг. Затоа добро размислите и бидете искрени со себе. Го сакате како „другар“/ „другарка“ или сепак има нешто повеќе од тоа?
Мора да сте логирани да напишете коментар.