Еден од најголемите скандали во историјата на Англија се случил во 1483 година кога двајцата принцеви исчезнале од Лондонската Кула кога ги чувал нивниот стрико Ричард, војводата од Гластер (подоцна Ричард Трети). Во тој период постариот принц требало да биде крунисан за крал на Англија но тоа никогаш не се случило. Околностите за нивното исчезнување и до денес се необјаснети и сомнителни, и никој не може со сигурност да каже што се случило со нив. Во 1461 година „Едвард Четврти“ станал првиот член на династијата Јорк и седнал на англискиот престол. Неговото владеење се сметало за нестабилно а тоа довело до т.н. „Војна на ружите“ и кратко време после тоа е симнат од престолот за да повторно се врати во 1471 година. Но за жал неговата здравствена состојба се влошува многу брзо и на 9 април истата година на 40 годишна возраст тој умира. Неговиот легитимен наследник е „Едвард Петти“ кој во тоа време е дванаесет годишно момче кое многу било мало за да се соочи со предизивиците кои ги нуди оваа титула, и затоа грижата за него и две години помалиот брат ја презел војводата од Глостер кој бил именуван за Лорд-протектор на младите принцеви.
Крунисувањето на младиот „Едвард Петти“ било закажано на 22 јуни 1483 година кој тогаш после смртта на неговиот татко се наоѓал во замокот Ладлоу и подоцна за време на крунисувањето заедно со неговата придружба бил донесен во Лондонската Кула каде што подоцна му се придружува и неговиот брат па се до крунисувањето тие се одмараат во Лондонската Кула. Непосредно пред церемонијата за крунисување настанува прашањето дали принцот е легитимен наследник на тронот од неговиот покоен татко. Наведено е дека „Едвард Четврти“ пред бракот со кралицата Елизабет Вудвил бил во љубовна врска со Лејди Еленор Талбот. Иако кралот официјално никогаш не бил во брак со кралицата Елизабет, Парламентот врската ја сметал за нелегитимна а со тоа и децата биле нелегитимни во наследувањето на тронот. Од сето ова најголема корист имал војводата од Глостер кој на 25 јуни е крунисан за крал на како „Ричард Трети“. После крунисувањето на нивниот стрико на принцевите им се губи секаква трага.
Се верувало дека за последен пат биле видени во месец јули и дека не ја напуштиле Лондонската Кула. Италијанскиот калуѓер Доминик Манчини кој тогаш бил во посета на Англија токму во периодот кога бил крунисан Ричард Трети и запишал дека децата биле преместени во внатрешните одаи на кулата, а како поминувале летните месеци тие се помалку и помалку се појавувале. Времето поминувало а се појавиле многу теории во врска со ненадејното исчезнување на принцевите Едвард Петти и Ричард од Шрезбури. Забележано е дека еден од лекарите во кулата известувал за здравјето на Ричард за кое тврдел дека многу се влошило и секој ден се молел за опростување на неговите гревови бидејќи смртта му била блиску. Една од најприфатените теории за исчезнувањето на принцевите е таа дека за нивната смрт е одговорен нивниот стрико бидејќи сакал тронот да биде само негов. Томас Мор, државник од 16 век промовирал и пропаганда дека Хенри Седми Тјудор кој дошол на тронот по смртта на Ричард Трети во 1485 година вмешал прсти во сета оваа мистерија, но до денес нема никакви докази за тоа иако имал мотив.
Верниот витез пак на Ричард Трети, сер Џејмс Терел кој во 1502 година бил осуден за велепредаја под дејство на измачување признал дека ги убил децата по наредба на нивниот стрико.
Век и пол подоцна, во 1674 година започнале припремите за обнова на Лондонската кула и работниците кои во тој период работеле во расчистување на сметот дошле до неверојатно и шокантно откритие. Двата костури доволно мали за да одговараат на принцовите биле пронајдени под скалите од кулата. За жал во тоа време не постоеле форензиката и ДНК анализата, па затоа многу одговори биле изгубени засекогаш. Скелетите за кои што се верува дека се од принцовите се преместени во Вестминистерската опатија и таму биле погребани. Од тогаш па наваму многу пати била побарана дозвола за ексхумација на скелетите и да се добијат одговори на многу прашања за оваа мистерија, но за жал и по толку многу барања, Англиската црква не дозволила да се изврши форензичко испитување.
Мора да сте логирани да напишете коментар.