Сите негативни работи во животот доаѓаат кај нас заради неможноста да го контролираме сопствениот организам и да ја користиме моќта на нашата личност. Пасивноста и мрзеливоста се непријатели на нашето гледиште и ние сме како луѓе заслепени од потрагата по среќа.
Наутро се трудиме да станеме порано, а во вечерните часови седиме до доцна и се трудиме да го најдеме духовно исчезнато „нешто“ за да бидеме среќни наредниот ден. И така – во трчање и брзање цел живот.
Независно од нашата професија и начин на живот, ние секогаш сме барем малку незадоволни од нешто, затоа цел ден го поминуваме заробени од нашите мисли и преокупации.
Незадоволството од себе секогаш води кон уништување на она што веќе постои, она што веќе сме го создале предходно. Со хранење на нашето незадоволство, ние градиме едно матно мочуриште во кое се дават нашите напори. Да, од една страна ние градите со едната рака, а од друга страна ние уништуваме со другата рака.
Но, кога ќе почнеме вистински да живееме? Кога ќе се опуштиме? Кога ќе бидеме задоволни од нашиот живот и она што го имаме? Кога ќе научиме да уживаме?
Време е да го превземеме нашиот живот во наши раце. Да, точно сега е моментот.
Сега вдишете и издишете. Што и да чувствувате во овој момент, запомнете дека нема да се врати никогаш повторно.
Замислете дека нема да има второ вдишување - издишување. Она што го чувствувате, она што го гледате, кој е до вас - тоа е она за што се работи. Немојте само да размислувате за утре, туку размислувајте и за денес, свртете го грбот на незадоволствата, навредите и уживајте во денешниот ден.
Не го одложувајте животот за утре. Живејте, сакајте, создавајте, радувајте се денес! Да! Така е, драги мои, денес.
Направете си сопствена проценка на личноста за 20 секунди, кој сте вие? Според проценката што си ја пишуваме за себе, може да процениме во која степен злото владее во нас.
Повторно, се судевте според вашиот карактер и си рековте: „Малку ми е“!
Сè што е постигнато и стекнато во животот на крајот ви носи уште поголема несреќа, уште поголема тага, разочарување и празнина.
Но, најлошото е што животот минува. Човекот стои на прагот на вечноста, погледнува наназад и одеднаш почнува да ја разбира залудноста на своите желби, достигнувања и придобивки. Потоа доаѓа големата тага, но предоцна.
Да не заборавиме на лекцијата која што ни ја остави големиот Александар Македонски. Пред да почине, тој сфати што направил и за што го потрошил животот. Тој, освојувачот на скоро целиот свет, нареди да биде погребан со отворени дланки. На неговиот погреб, кога го носеа ковчегот, тој беше со завртени со дланки нагоре, така што сите можеа да видат дека тој на крајот сепак останува со празни раце. Да се разбере неговата грешка и да не се повтори. Ова е историски факт и лекција која што ни кажува дека независно кој што заработил или купил во животот, секој на крајот си заминува со празни раце, онака како што и дошол.
Да, мои мили, па вреди ли да го потрошите животот трчајќи по материјални придобивки и тоа со таква упорност?
Запомнете дека повеќе треба да се концентрирате на вашата внатрешна состојба, на вашиот внатрешен мир.
- Карактерот и судбината се едно исто.
- Промена на карактерот доведува до промена во судбината. Вашиот главен непријател на оваа патека сте самите вие.
- Ниската самодоверба не дава позитивни резултати. Омразата ве полни со отров. Ако се мразиш себеси, не можеш да ги сакаш другите.
Ако не можеме да се сакаме себеси, не можеме да ги сакаме и другите! Дали се согласувате со мене?
Кажете ми, тогаш, дали некој може да сака друга личност ако не се сака себеси? Можете ли да храните некого ако тенџеретото ви е празно?
Не!
- Лицето кое не се почитува себеси, не може да ги почитува ни другите.
- Личност која не сака, не се прифаќа себеси, не е во состојба да сака и да прифати друг.
- Вие не можете да дадете нешто што го немате.
Но, не е се завршено. Животот секогаш ни дава нова шанса, шанса да се станеме подобри луѓе, шанса да живееме посреќен и поисполнет живот. Доколку доволно се потрудиме, можеме да се промениме кон подобро.
Така, вашата прва задача е: напишете ги сите ваши негативни црти во вашиот карактер што сакате да ги отстраните, а до нив - позитивните што сакате да ги зајакнете и понатаму да ги развивате.
Сè додека не е предоцна, променете го вашиот став кон себе, вашиот став кон светот околу вас и кон животот, најдете нешто реално, вредно, уникатно во себе и развијте го.
Научете да простувате на малите грешки. Заблагодарете се барем што постоите на овој свет.
Секогаш можете да најдете нешто за што ќе се фалите и нешто што ќе ве прави горди.
Колку и да е ви тешко на почетокот, мора да бидете цврсти и да се обидете да се промените и да ја разбудите почитта кон себе, затоа што така започнува креацијата на Личноста.
Мислите ли дека само вие имате проблеми?
Секој од нас има доволно проблеми во животот. Како што велат, на секој пат постојат препреки кои мора да се совладаат. Но, најважното правило е: ако не можете да ја промените ситуацијата, променете го ставот кон неа.
Нашата гледна точка на животот е најважна. Животот е прекрасен во сите свои облици. Животот е еден, уживајте во него. Дишете со полни гради, шетајте, забавувајте се, смејте се, бидејќи вие го заслужувате тоа.
Мора да сте логирани да напишете коментар.