Прекувремено користење на компјутер и социјални мрежи - Зависност на денешницата

Како и сите други зависности така и зависноста од компјутери е опасна по здравјето на луѓето. Затоа треба да сме свесни и да си водиме грижа за тоа колку време ќе поминуваме пред компјутер.

 

Зависноста од компјутери може да има мноштво негативни последици врз човекот. Најнепосредни се социјалните мрежи. Корисникот се дистанцира од пријателите и семејството, бидејќи поминува повеќе време на компјутерот. Односите почнуваат да избледнуваат бидејќи тој престанува да присуствува на друштвени собири, ги пропушта средбите со пријателите. Компјутерските зависници можат да станат раздразливи кога се далеку од компјутерот, предизвикувајќи дополнителна социјална штета. 

Порано или подоцна прекумерното користење на компјутер може да предизвика емоционално уништување. Го тера корисникот постепено да се повлече во вештачкиот свет. Постојаното играње на компјутери може да предизвика некој повеќе да ги вреднува случките од играта отколку работите што се случуваат во нивниот вистински живот. Прекумерното гледање порнографија на Интернет може да доведе до изопачување на ставовите на личноста за половоста. Да имаш имиња на екранот во соба за муабет, како свои главни другари, може да резултира со имање потешкотии при меѓучовечка комуникација очи во очи. 

 

На подолг период, зависноста од компјутер може да предизвика физички оштетувања. Користењето глувче и тастатура многу часови секој ден може да доведе до повреди поради „повторлив“ притисок. Проблемите со грбот произлегуваат од многу време седејќи на компјутерска маса. Компјутерските сесии доцна во ноќта предизвикуваат да се скуси потребниот сон. Долготрајна лишеност од сон предизвикува сонливост, тешкотии во концентрирањето и ослабнување на имунолошкиот систем. Некој што поминува часови пред компјутер очигледно не добива никакво значајно вежбање, така што зависноста од компјутер посредно може да доведе до слаба физика кондиција, па дури и до дебелина.

 

На крајот последиците од компјутерската зависност ќе влијаат на целокупниот живот на корисникот. Користењето на компјутер доцна во ноќта или на работа ќе влијае на исполнувањето на работните задачи, кое што може да доведе до губење на работата. Како што зависноста го зема својот данок од членовите на семејството, така може да доведе дури и до пропаднати бракови. Освен тоа, Кина и Јужна Кореја имаат известено дури и за смртни случаи како резултат на играње игри без прекин неверојатно долго време. Овие земји имаат основано специјални соодветни центри за да се справат со зависностите од игри, а Кина има пропишано строги закони кои го ограничуваат пристапот до кафулиња со Интернет. 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот