Приказна за скапоцениот камен која не смеете да ја пропуштите

Една жена многу сакала да патува и да ужива во природата. Таа редовно патувала по планините. Еден ден, жената стигнала до еден поток и седнала да се одмори. Откако се одморила, се наведнала да се напие вода за ја изгаси жедта. Одеднаш, таа забележала огромен скапоцен камен во водата. Без да размислува, таа го земала прекрасниот скапоцениот камен и го ставила во својата торба. Жената знаела дека овој скапоцен камен може да и заврши голема работа во животот затоа решила да го чува во својата куќа кој не била далеку од потокот.

Следниот ден, жената го продолжила нејзиното патување низ планините. Таа додека одела по планинската патека, сретнала еден човек кој бил многу гладен.

Жената го поканила непознатиот човек во својата куќа која не била далеку од планинската патека. Човекот дошол како гостин во нејзината скромна куќа, а жената ја поставила масата за да ручаат заедно. Во тој момент, гостинот го забележал големиот скапоцен камен  на полицата и ја замолил да му го даде каменот. Тој знаел колку вреди каменот и бил свесен дека со тој скапоцен камен може да направи се во животот.  Жената без да размислува и го земала скапоцениот камен и му го дала на човекот. Човекот бил пресреќен. Тој и се заблагодарил на жената и продолжил по својот пат, без да ја погледне масата на која бил поставен ручекот.

Радоста на човекот била непроценлива, тој одел по патот весел и распеан, задоволен од добрата заработка. Во еден момент тој дури и заборавил дека бел гладен и жеден, бидејќи неговиот скапоцен камен ми давал енергија.

Да, човекот знаел дека каменот е скапоцен и дека ќе може да го продаде за многу пари, кои ќе му овозможат луксузен живот. Ho, не се случило онака како што си замислувал. Од тој ден животот на човекот се променил. Тој почнал да размислува поинаку. На почетокот  тој почнал да се живее во страв дека некој можеби ќе го убие за да му го земе скапоцениот камен и така полека полека почнал да го губи својот сон.  

Тој не сакал да го продаде каменот, бидејќи секогаш мислел дека не му нудат доволно пари за неговиот уникатен камен и дека доколку почека некој ќе му даде подобра понуда за да го откупи истиот. За многу кратко време сите негови роднини почнале да се грижат за него, бидејќи потајно се надевале дека ќе добијат пари после продажбата на каменот.

Да, точно така, тој не само што бил опкружен со роднини туку тој бил опкружен и со многу нови пријатели. Но, за жал, човекот не уживал во тоа. Тој постојано седел дома и го држел својот скапоцен камен во рака. Полека но сигурно, тој станал роб на својот камен. Да, драги мои, тој станал несреќен човек.

Неколку месеци после случката, човекот се вратил во планината  за да ја најде жената што му го подарила скапоцениот камен. Тој одел низ шумата се додека не ја пронашол малата куќичка во која што прв пат го здогледал скапоцениот камен.

- Здраво! За време на овие неколку месеци, мислам на вас и на каменот што ти ми го подари. Знам дека овој камен е многу скапоцен и дека ако го продадам, ќе заработам многу пари. Но, сепак сакам да ти го вратам назад-рекол човекот.

- Зошто се предомисли? Нели сам ми го побара каменот и беше пресреќен кога ти го дадов?- праша жената.

- Сакам да ти го вратам скапоцениот камен со надеж дека ќе ми дадеш нешто уште повредно од него. Врати ми го мирот во душата, сакам да живеам спокоен живот, бидејќи тоа е вистинското богатство за еден човек – одговорил човекот.

Човекот го вратил скапоцениот камен кај жената и се вратил дома и си живеел среќно до крајот на животот уживајќи во она што го има. Здравјето, љубовта, спокојниот сон и мирот во душата се најголемото богатство за нас.

 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот