Најефикасни природни маски за кожа и коса

За да изгледате негувано не мора секогаш да потрошите цело богатство затоа во продолжение ќе зборуваме за благотворното дејство  на јогуртот врз кожата.

МАСКА ЗА ЛИЦЕ ОД ЈОГУРТ - јогуртот не е само вкусен и хранлив за конзумирање, тој се користи и за подготовка на маски за лице со извонредни резултати. Хранливите материи како цинк, калциум, млечна киселина и витамин Б се пријатни за кожата и помагаат во тоа да остане младешка и блескава.

Кои се придобивките од овие маски?

ПОСВЕТЛА КОЖА - маската за лице од јогурт помага да добиете посветол тен на кожата бидејќи го спречува производството на меланин кој е задолжен за нејзино потемнување.

БЕСПРЕКОРНА КОЖА - секојдневното нанесување на маска за лице од јогурт ќе ви помогне да добиете кожа без акни и мозолчиња благодарение на цинкот присутен во јогуртот кој ги уништува бактериите кои предизвикуваат воспаленија.

ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ТЕМНИТЕ КРУГОВИ - никој не ги сака темните кругови под очите и во тоа може да помогне јогуртот бидејќи ги осветлува темните дамки и флеки. Со честа примена можат и да исчезнат.

ГИ СМИРУВА ИЗГОРЕНИЦИТЕ - повторно главна улога има цинкот кој ќе го спречи чешањето и чувството на печење како на пример кај изгореници од сонце.

КАКО ДА ГО ЗАБАВИМЕ ПРОЦЕСОТ НА СТАРЕЕЊЕ?

Свесни сме за фактот дека нашето тело и кожа стареат како што старееме и секој од нас сака да изгледа барем малку помладо. Според едно истражување само 20% во процесот на стареење улога има генетиката односно наследните фактори а останатите 80% улога има животната средина и начинот на живеење. Доколку сакате да изгледате  помладо и барем малку да го забавите процесот на стареење еве неколку совети.

ЈАДЕТЕ ПОВРЕМЕНО - истражувањата покажуваат дека треба да внесуваме помали количини храна бидејќи на тој начин се забавува метаболичкиот процес. Зголемете го внесот на храна како што е авокадо, темно чоколадо, ореви бидејќи тие го одржуваат нашето тело активно и прилагодено.

ДОБАР СОН - нема подобар лек од убав и мирен сон од 8 часа. Сонот помага во подмладување и регенерација на телото. Исто така ја намалува можноста за срцев удар.

МЕНТАЛНИ ВЕЖБИ - покрај физичкото здравје важно е да имате и ментални активности за да тоа расте и  се развива. За вежбање на мозокот прочитајте книга, обидете се да научите нешто ново, играјте игри и слично. Учењето нови работи го зголемува бројот на неврони и го одржува мозокот млад.

КАКО ДО УБАВА КОСА?

МАСКА ЗА МЕКА КОСА - потребни состојки 1 супена лажица мед и една чаша млеко. Едноставно во чашата со млеко додадете го медот и убаво измешајте. Нанесете на косата и по 20 минути исплакнете со топла вода и шампон.

МАСКА ЗА ЗДРАВА КОСА - потребна ви е 1 банана и 4-5 капки арганово масло. Во помал сад изгмечете ја убаво бананата и додадете го маслото. Откако убаво ќе промешате нанесете на косата и после 30 минути исплакнете со топла вода и шампон.

МАСКА ЗА БЛЕСКАВА КОСА - за оваа маска потребни ви се половина чаша кисело млеко, 1 лажиче јаболков оцет и 1 лажиче мед. Промешајте убаво додека се соединат состојките потоа нанесете ја на косата и по 15 минути исплакнете со топла вода и шампон.

МАСКА ЗА БРЗ РАСТ НА КОСАТА - во еден сад додадете 3 жолчки, 2 супени лажици зејтин, 1-2 лажици лимонов сок, 1 ампула витамин Б комплекс и 20 грама рициново масло. Откако убаво ќе промешате нанесете на косата и врз неа ставете најлонска кеса и завиткајте со крпа. По 30 минути исплакнете со вода и шампон.

Навистина брзи за подготовка и многу ефикасни со природни продукти кои ги има во секој дом.

 

 

 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот