Ако ви се случило да го доближите фенот преблиску до главата или да го држите предолго на едно место, сигурно сте почуствувале неподнослива врелина на воздухот. Сепак, тоа не ве спречува да ја фенирате косата речиси секој ден. Честото и долготрајно сушење на косата на овој начин ја оштетува надворешната обвивка на влакното (кутикулата )и резултира со сушење, губење на сјајот, еластичноста и на мазната структура на косата. Затоа, време е да го исклучите фенот, бидејќи постојат и други методи, средства и трикови со чија помош ќе го постигнете посакуваниот ефект од обликување без употреба на овој апарат.
Освен тоа, природното сушење на косата е добар начин да ја запознаете и да ја истакнете нејзината природна структура. Прво утврдете дали косата, кога е сува, ви е тенка и мека, или е остра, а потоа следете ги следниве искуства...
-
Ако ви е мека косата...
Зголемете го волуменот на природно исушената коса така што претходно двапати ќе ја измиете со шампон и ќе нанесете регенератор само на нејзините врвови, а потоа нанесете нежно средство за обликување и прснете малку шампон за суво миење, ќе ви обезбеди волумен. Потоа, наведнете ја главата, префрлете ја косата надолу и нежно протресете ја за време на сушењето. На тој начин ќе спречите нејзино слепување во коренот.
-
Ако косата ви е остра...
За време на сушењето поентата е да се спречи прекумерен волумен, кој го оневозможува посакуваното обликување, како и сувиот испукан изглед на влакната. Измијте ја косата само еднаш со шампон, нанесете регенератор од нејзиниот корен до врвовите, а потоа нанесете комбинација од препарат со понежен степен на зацврстување и маслено средсвто за скротување и омекнување на влакната. Хранливата маска за коса, покрај регенеративното дејство, ќе ја омекне острата коса. Не допирајте ја косата за време на сушењето, во спротивно ќе ги нарушите природната текстура и форма на кадриците.
-
Уште неколку корисни трикови...
Доколку не сте воодушевени со природната текстура на косата, едноставни трикови може да помогнат да го постигнете посакуваниот стил, и тоа без употреба на фен.
Генерално правило: колку се поголеми папилотите, толку косата ќе биде поисправена. За истакнување на текстурата на правата коса, се препорачува врзување двократен јазол - еден на врвот на главата, друг во тилот. За поголем волумен и брановиден изглед, одврзете ја косата кога ќе се исуши во целост.
Кои се последиците од честото фенирање?
Прегревањето на кожата на главата може да предизвика изгореници и оштетувања на фоликулата на влакното. Последично, тоа може да предизвика појава на лузни, па дури и трајно губење на косата.
Апсолутно! Ако фенирањето предизвика појава на изгореници на скалпот, постои ризик од оштетување на клетките на кожата, поради што се појавува првут. Кај лицата што имаат псоријаза, најчесто се влошуваат симтомите на болеста, бидејќи локално применетата топлина ги активира воспалителните процеси.
Најдобро еднаш или двапати неделно, во зависност од состојбата на вашата коса. Кога почнувате со сушењето, наместете го фенот на најниската температура, а потоа постепено зголемувајте ја. Користете четка што не е густа - за да спречите прекршување на влакната.
Мора да сте логирани да напишете коментар.