Бенџамин Френклин, гуруто на самоконтролата и продуктивноста еднаш рекол:
„Раното идење во кревет и раното станување човекот го прават здрав, богат и мудар“. До ден денес раното станување важи за главна особина на успешните луѓе.
Како една од големите предност на „Раните птици“ се поголемата активност и успешноста во она што го прават. Експертите тврдат дека оние кои стануваат рано спијат подобро и се осеќаат посреќно, а многу успешни луѓе својот ден го започнуваат пред 6 часот на сабајле.
Но треба да се запомни и дека раното будење и станување не смее да ја нарушува количината на сон која ни е потребна, а со тоа да не забораваме дека и на спиење треба да одиме порано. Оние кои патат од недостаток на сон, имаат последици какви што се намалена продуктивност, проблем со фокусирањето и слично.
Во продолженије на текстов, прочитајте што некои од светски познатите личности работат или работеле веднаш после станувањето од кревет.
1. Барак Обама (Barack Obama)
- Барак Обама секое утро станува рано, за да може пред секојдневните активности и обврски да „искористи“ време и за вежбање и џогирање.
„Здравјето е премногу важно за Обама“, пишува Роберт Пагларини од CBS News. „До толку што тоа е првата работа на која помислува секое утро“.
2. Маргарет Тачер (Margaret Thatcher)
- „Железната дама“ била позната по тоа што спиела само околу 4 часа во текот на денот, често останувајќи работно во својата канцеларија до 2 или 3 на сабајле. Покрај сето тоа, успевала да стане во 5-6 наутро да ја слуша својата омилена радио емисија.
3. Владимир Набоков (Vladimir Nabokov)
- Како многумина писатели, така и Набоков денот сакал да го започне пишувајќи. Своите работни навики ги опишал во едно интервју за The New York Times во 1968 година.
„После будење, помеѓу 6 и 7 часот, пишувам до 10:30 седејќи на столот кој е свртен према делот од собата од каде што доаѓа светлината... а првите пола саат релаксација се во времето на појадок со мојата сопруга околу 8:30 часот.
4. Гвинет Палтроу (Gwyneth Paltrow)
- Здравјето е на прво место за актерката и велнес гуруто Гвинет Палтроу, која станува во 4:30 часот за да тренира.
„Јас не сум утрински тип, меѓутоа доста сум строга према себе си. Кога вежбам 6 дена во текот на неделата и се исхранувам со здрава храна, се осеќам многу подобро и продуктивно“ изјавила Гвинет за магазинот In Style.
5. Симон де Бовуар (Simone de Beauvoir)
- Познатата француска авторка и феминистка Симон де Бовуар секое свое утро го започнувала со шоља чај, пред да му се препушти на пишувањето. Станувала пред 7 часот.
„Секогаш се брзав да започнам со пишување. Прво пиев чај, па започнував со пишување околу 9, се до 13-14 часот“. за The Paris Review кажала Симон во 1965 година.
6. Роберт Игер (Robert Iger)
- Извршниот директор на The Walt Disney Company се буди секое утро во 4:30 часот. Раното будење значи уживање во тивкото време со самиот себе си.
„Тоа е времето кога ги полнам своите батерии. Вежбам, слушам музика, читам, ги гледам мејловите, и по малку телевизија, сето тоа во исто време“ за The New York Times во 2009 година изјавил Роберт.
Мора да сте логирани да напишете коментар.