Производи за брз раст на трепките

Компанијата Allergan, или креаторот на Боткос во декември 2008 е првата компанија која доби лиценца за користење на состојката Lumigan ( Bimatoprost). Што претставува Bimatoprost? Претставува простагландин односно фармаколошка супстанција која се користи во офтамологијата во облик на капки за очи при контрола на глауком и окуларна хипертензија. Го редуцира интраокуларниот притисок (IOP) и го зголемува одливот на флуиди од окото. 

Козметичката формулација на биматропот во светското производство се користи по името Latis. Во периодот од 2008-2011година докажно е дека биматропинот има способност за редуцирање на масното ткиво. Дали сеуште размислувате да се одречете од маскарата? Јас секако дека не. Но креаторот на Ботокс мисли дека маскарата за неколку години ке стане минато. Allergan компанијата работи на препарат кој го забрзува растотот на трепките. Во што е финтата? Финтата е во тоа што овој препарат на пазарот за широка потрошувачка се користел за сосема друга цел. Но козметичката куќа RevitaLash заедно со оригиналната формула на Jan Marini Age Intervention Lash супстанцијата биматопрост го користеле илегално односно нелегално без етикета, што за Allergan бил предизвик и побарал дозвола од Агенцијата за храна и лекови (FDA) за користење на таа супстанција во линијата на препарати. Среќата му се насмевнала !! Но како и секој така и овој лек има свои нус појави при континуирана употреба  а кај биматопростот се затемнување на делот околу очите и целосно губење на бојата на едно око. Додека Allergan работи и ја усовршува својата формула за овој пронајдок конкуренцијата не седи мирна.

Еден од најголемите конкуренти на Allergan е маскарата од брендот LashFood односно маскара регенератор составена од природни состојки. Главната состојка на оваа маскара е Биотинот односно витамин В7 или Н.  Како природни витамини во храната биотинот го среќаваме во зелката, доматот и зелената салата. Во организмот ги внесуваме со храната но како се апсорбираат во кожата тоа сеуште се испитува. Како состојка денес најповеќе се користи во шапоните против опаѓање на косата. Но колку се делотворни тоа не знаеме? Барем до сега не сум употребувала за да можам да ви пренесам искуство. Брендот LashFood во својот состав содржи и аргинин. Аргининот е природна супстанција од аминокиселини кои помагаат во зајакнувањето на трепките и веѓите. Според произведувачот трепките и веѓите со користење на маскарата добиваат потемен изглед, поголема густина и зголемена должина. 

Регенераторот во облик на туш и се нанесува на коренот на трепките навечер. Но фантастични резултати се јавуваат и при користење на регенераторот навечер и наутро. Исто така може да го нанесете и после ставање на шминката бидејќи е безбоен и не пречи. Густи, полни и подолги трепки може да забележете после 2-4 недели со редовна употреба. Производот трае 5месеци и неговата цена верувале или не изнесува 130 американски долари или 7.016 денари. Па сега сами проценете дали вреди да се проба? 

 Секоја жена има трепки какви што генетскиот код ги одредил. Многу е важно дека треба да бидиме и малку посамоуверени да внимаваме какви производи користиме. Неможам да одречам дека секој производ си има свое реноме и свој начин на употреба како и делување. 

Во прилог ке ги споменам и маскарите кои можеме немаат ваква регенрирачка состојка но сепак се едни од најубавите и најскапите маскари за секоја жена да има трепки какви што посакува. Се разбира достапни за нашиот џеб. 

By Terry "Mascara Terryble"- 2.580ден. 

best high-end mascaras

Zelens "Flirt Mascara" -2.365ден.

Best high-end mascaras

Sisley Paris "So Curl Mascara"- 3.709ден.

Best high-end mascaras

Christian Louboutin "Les Yeux Noirs Lash Amplyfuing Noirs Lash" - 5.914ден.

Best high-end mascaras

La Prairie "Cellular Treatment mascara"-2.150ден.

Best high-end mascaras

Clé de Peau "Beauté Perfect Lash Mascara"- 2.597ден.

Best high-end mascaras

Serge Lutens "Mascara"-3.494ден.

Best high-end mascaras

Tom Ford "Ultra Legnth Mascara Ultra Raven"-1.774ден. 

Best high-end mascaras

Chantecaille  "Faux Clis Mascara Longest "- 3.871ден. 

Best high-end mascaras

Денес во светот се произведуваат и медицински маскари. Па доколку сакате да се ослободите од стандардната маскара и да користите медицинска имате и таква опција доколку имате  и финансиски средства бидејќи како што знаеме се што е медицинско и органско има и поголема цена. Од тој вид на маскари како најдобри се сметаат тие на Clinique поточно маскари направени од 100% природни состојки и цени што се движат од: 480 до 1.254 денари во зависност од ефектот што го барате и сакате да го добиете. 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот