Психата е проблем?

Родова еднаквост ја дефинираме како еднаков пристап до можностите кои ги нуди државата и државните органи, едноставно еднаков пристап до можностите кои ги нуди животот.

Жените, цисродовите жени се една ранлива, маргинализирана група на лица. Жените се дискриминирани кога станува збор за пристап до вработување, здравство, правда т.е судови и други органи. Тие се дискриминирани на многу места и тоа само заради тоа што се родени како жени. Жените се убивани (фемицид) само заради тоа што се жени.

Низ историјата многу жени се труделе да сменат нешто, за тие да бидат вреднувани исто како и другиот, спротивниот пол, мажите. Еден начин, една стратегија која ја пронашле лицата кои биле засегнати од овој проблем бил феминизмот.

 

Феминизам преставува стојалиште за унапредување на правата на девојките и жените во едно општество.

Постојат најразлични видови на феминизам. Видовите феминизам се користат кко стратегија за родова еднаквост. Тука ќе ги споменеме само радикалниот и либералниот феминизам.

Радикалниот феминизам го критикува секој оној кој промовира некакво насилство врз жената, вклучувајќи ја и религијата, проституцијата, порнографијата. Радикалните феминисти сметаат дека со самото користење на погоренаведените работи т.е религија, проституција и порнографија се угнетува жената и им се помага на мажите да ги задоволат своите сексуални желби. Без разлика дали жената свесно ја дава својата дозвола за работа во светот на проституцијата, т.е без разлика дали жената сама одлучува да ја работи сексуалната работи или е приморана. Истовремено радикалниот феминизам транс-жената не ја смета за жена.

Спротивно на тоа, либералниот феминизам ја гледа проституцијата како секоја друга работа. Односно либералните феминисти сметаат дека сексуалноста е лична работи, сите избори кои некоја личност ги има донесено се лични избори на таа личност и без разлика дали личноста (во случајов жената) ќе одлучи да работи како сексуална работничка, таа сама, свесно ја донела својата одлука и тоа не е само за задоволување на сексуалните желби на мажите. Едноставно е една размена, размена која ја правиме секојдневно. Работиме, заработуваме и одиме со тие пари вршиме размена и купуваме јадење. Јадење кое некој го зготвил. Исто е и со секуалната работа. Некоја личност прави размена, дава пари а за возврат добива услуга. Во овој случај добива сексуална услуга.

 

Контрадикторно е тоа што доколку имаме две личности кои се идентификуваат и претставуваат себе си како феминисти, а се од овие два различни видови на феминизам, тие ќе кажуваат, докажуваат, посочуваат кон нивни различни гледишта на работите. Најпрво, за решавање на проблемот со родовата нееднаквост, важно е да знаеме што всушност претставува феминизмот, да нема видови, групи, подгрупи итн. Со самото тоа што постојат повеќе видови на феминизам, за оние луѓе кои не се добро запознати со феминизмот како поим (ги има во голем број) се прави една недоверба во феминизмот и во оние личности кои го толкуваат самиот феминизам, т.е видот на феминизам кој го застапуваат. Доколку постои само едно „мото“ и сите се борат за тоа тогаш многу полесно би се дошло до постигнување на целта односно постигнување на родовата еднаквост.

Сметам дека веќе сите начини кои постоеле се пробани на некој начин т.е се неуспешни и кога гледаме на подолг план прават „повеќе зло, отколку добро“. 

Освен феминизмот како една стратегија која постои за добивање на родова рамноправност, тука имаме и државни стратегии за постигнување на родова рамноправност. Но и тие нецелосно ја решаваат родовата нееднаквост. 

Еден од главните причинители зошто сеуште имаме ваква нееднаквост ја гледам во религијата. Во минатото некои од луѓето кои живееле во Македонија и покрај војни, плаќање на глоба, давање на нивните млади деца и слично, иако имале можност, не го напуштиле местото на живеење поради тоа што имало црква и не сакале да ја напуштат црквата. И денес постојат многу луѓе кои имаат вакви исти или слични верувања т.е верувања дека црквата е нешто свето, дека религијата е единствено нешто кое ни „преостанува“. А оние кои се проповедници на таа религија проповедаат такви работи кои всушност ја оставаат жената во една неповолна состојба, ја прават жената инфериорна во однос на мажот. 

Самата библија и религија доколку ја прочиташ и проучиш ќе сфатиш дека тоа не е тоа што сака да го кажи, проблемот тука се сите тие останати верувања и останати проповедања кои се пренесуваат од колено на колено.

Истовремено како еден вид на проблем за постигнување на родова еднаквост го гледам и самиот репродуктивен орган кај жената. Со самото тоа што жената може да забремени и се „одземаат“ многу работи во животот. Низ историјата, доколку еден маж забременел една жена тој морало да ја земи за сопруга. Со други зборови кажано и ја одзема слободата. Денес, во едно таканаречено современо општество сеуште на некој начин постојат тие работи т.е доколку жената забремени таа мора да се омажи. Кога ќе дојде до тоа да се омажи/ожени личноста, доколку мажот имал повеќе сексуални партнерки не му се прави никаков проблем, но жената би имала „проблем“ доколку имала повеќе сексуални партнери. Можеби не од идниот сопруг, но во секој случај би имала притисок од оние „блиските“ роднини и пријатели кои би го знаеле тоа.

Факт е дека мажите и жените се различни. Факт е дека нема никогаш да бидат исти. И тоа е во ред. Поентата е дека мажите и жените треба да имаат исти можности за развивање на нивните капацитети.

 

Единствен начин за постигнување на тоа според мене е нудење на бесплатна психолошка помош.

Зошто психолошката помош е вмешана тука во стратегии за родова еднаквост? 

Психолошката помош е важна бидејќи како што велат „нема здрави, има непрегледани“. Сите ние носиме некакви трауми од минатото кои всушност ни ја уништуваат сегашноста. Доколку сите луѓе се ментално здрави, тие нема своите комплекси да ги префрлаат на некој друг. Тие нема своите незадоволства да ги префрлаат, да ги насочуваат кон некој друг. Луѓето би биле задоволни со самите себе си, луѓето би биле задоволни со она што го прават, а она што сметаат дека не го прават доволно добро би го промениле.. и тоа не поради она што би кажале другите туку поради нив самите. 

 

Тука би се решил и друг проблем т.е луѓето би биле свесни за тоа што го сакаат и што сакаат да работат. Оние кои одлучиле да работат во здравствени установи би биле свесни дека не треба нивните комплекси да ги истураат врз маргинализирани групи (конкретно во македонија жените ромки, транс лица, било која личност припадник/припадничка на лгбт), не треба нивните незадоволства да ги префрлаат врз личност која има потреба од некаква здравствена услуга.

Работодавачите би ги вработиле само оние кај кои се гледа сјајот во очите кога зборуваат за работата за која аплицираат. Без прашања од типот „а планираш да раѓаш?“. Секоја личност без разлика на нејзиниот пол, род, сексуална иденификација, етничка би имал исти можности.

Ако веќе постои некаков проблем кој не може да се реши и мора да се оди на суд, нема да „победува“ мажот или пак да „победува“ оној што има повеќе пари. Правилата кои се поставени ќе се почитуваат.

Ова иако кратко опишано, делува предобро и реално е возможно само теориски, практично не постои можност ова да стане реалност. И сепак го гледам како единствена можност да постигнување на еднаквост (по сите основи, а не само родова).

Сите начини кои постојат се веќе пробани, се „промовираат“ и лгбт групите, постојано има анкети, прашалници, предавања за наводно решавањето на родовата нееднаквост. И нема да ја реши. Бидејќи оние жени, оние личности кои се најзасегнати од ова прашање, оние кои се жртви на највеќе/најголемо насилство баш до нив не стасуваат овие предавања, анкети, прашалници и слично. Баш до нив не стасува помошта. Во одредени ситуации тие се свесни дека им треба да побараат помош, но само многу мал број од оние кои ќе побараат помош, ја добиваат таа помош. Другиот, најголемиот број на лица кои се жртви (на било какво насилство или пак дискриминација, без разлика дали од одредени институции или од одредени лица) не се свесни за тоа дека можат да побараат помош или пак сеуште размислуваат за она „што ќе речат другите“. 

Во моето досегашно искуство сум сретнала многу жени кои остануваат во дисфункционален брак само поради тоа што имаат деца. Тоа го „оправдуваат“ со зборовите „веќе не сум млада, каде ќе одам сега, не можам дома да се вратам, немам пари да одам некаде на друго место, каде ќе ги оставам децата, какво мислење ќе имаат луѓето за мене, што би мислеле идните сватови за моите деца итн“.

Каде тука е проблемот? 

Најпрво „веќе не сум млада“, луѓето би сфатиле дека годините не менуваат ништо и самата возраст на личноста, но и годините кои сте ги поминале со партнерот/партнерката не сменуваат ништо.

„Не можам дома да се вратам“ – луѓето, посебно жените се научени на тоа дека тие од куќата на нивните родители, веднаш одат во куќата на нивниот сопруг. Односно сметаат дека „децата“ во семејството не треба да изградат свој живот, не треба да се осамостојат, не треба да имаат поразлични верувања од нивните родители.. и треба да ги пренесуваат верувањата од колено на колено. Поентата е тоа што доколку една млада личност би имала нејзин имот, би била самостојна, таа личност не би го имала проблемот со „не можам да се вратам дома“ бидејќи не би ни требало да се вратат дома, кај нивните родители. Друга причина зошто се користи оваа фраза е поради тоа што сеуште се размислува за тоа што би кажале другите луѓе.

„Каде ќе ги оставам децата?“ – луѓето би биле свесни дека иако имаат деца и тие се најголемото богатство што ние како личности може да го имаме, пред се ние се имаме себе си. И ние сме едни изградени личности кои што имаат свој живот и на другата личност (партнерка/партнер) би им дозволиле да имаат свој живот (доколку бракот/врската не функционираат доволно добро) без страв од казната да не ги гледаат своите деца.

„Какво мислење ќе имаат луѓето за мене?“ – Сами ќе бидеме свесни дека ние сме задоволни од нашиот живот и секој друг ќе биде свесен т.е задоволен од својот живот. Луѓето ќе гледаат што прават тие самите за себе, а не го гледаат тоа што прават другите и осудување дали тоа е правилно или не.

„Што би мислеле идните сватови за моите деца?“ – Повторно, луѓето ќе бидат свесни дека тоа што една личност го прави го прави таа личност, тоа не ги опишува нејзините/неговите деца или пак некој негов/нејзин близок.

Во истата утописка идеја која ја имам би се „исклучило“ и генерализирањето. 

Ако една личност прави нешто не значи дека сите лица кои припаѓаат на таа група (каде што припаѓа личноста, без разлика дали тоа е по род/пол/етничка припадност, сексуална идентификација, боја на кожа, националност, место на живеење и слично) го прават истото. Многу често луѓето користат стереотипи. Во оваа „утописка стратегија“ би се исклучиле сите стереотипи и би престанала и дискриминацијата на лицата.

Една постапка на жена се смета како постапка на целиот пол, една постапка на маж се смета само како постапка на тој еден маж. Луѓето ќе бидат свесни дека со генерализирањето би направиле само штета.

На мажите не им е „дозволено“ да плачат бидејќи тие ќе бидат окарактеризирани како женски. Доколку луѓето се ментално здрави, задоволни од себе, тие ќе знаат дека плачењето е еден природен механизам кој го користат луѓето. Плачењето е здраво за нас.

Луѓето би биле свесни дека самите се виновни за нивната среќа или несреќа. 

Постојат премногу закони кои ја заштитуваат жената. Но, не постои скоро па никаков закон кој го заштитува мажот. Доколку сакаме родова еднаквост не може да преминуваме од еден магичен круг во друг. 

Мажите се заштитени со самата традиција. Но, дали сите мажи се заштитени со традицијата? Што е со оние мажи кои сега растат и се развиваат и живеат во општество каде тие треба да бидат она народското „мажи“. Мускулести, со брада, високи итн.

Младите мажи т.е сите млади лица би биле свесни дека тие се такви какви што се и би се прифатиле себе си.

После се, останува само желбата за едно вакво утописко општество.

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот