10. I Want To Break Free
https://www.youtube.com/watch?v=f4Mc-NYPHaQ
Албум: The Works
Година: 1984
Текст: John Deacon
Песната "I Want To Break Free" е напишана од John Deacon, басистот на групата. Објавена е во три верзии: Албумска, сингл и продолжена. После објавувањето на песната во 1984 година, станала химна во борбата против опресијата, била број 45 на американската сингл листа, број 3 на британската сингл листа, и продадена е во преку 200.000 примероци.
Често свирена на концертите на Queen, се наоѓа и на нивната компилација Greatest Hits II.
09. Innuendo
https://www.youtube.com/watch?v=g2N0TkfrQhY
Албум: Innuendo
Година: 1991
Текст: Freddie Mercury, Roger Taylor
Напишана од Freddie Mercury и тапанарот Roger Taylor, сепак официјално се води како песна на бендот. Го отвара нивниот истоимен претпоследен албум, а последен со Freddie Mercury. Дебитирала на местото број 1 на британската сингл листа, а тоа воедно бил нивен прв број 1 после "Under Pressure" од 1981 година. Една е од најдолгите песни на бендот.
Како гостин во песната се појавува Steve Howe од Yes кој го свири фламенго делот. За директна инспирација за текстот послужила болеста на Mercury кој бил заразен од ХИВ вирусот, а починал само 10 месеци после објавувањето на синглот/албумот.
08. Under Pressure
https://www.youtube.com/watch?v=YoDh_gHDvkk
Албум: Hot Space
Година: 1981
Текст: Queen, David Bowie
Оригинално објавена како сингл во 1981 година, а подоцна се нашла на албумот Hot Space од 1982 година, песната "Under Pressure" напишана од Queen и David Bowie, станала нивен втор британски број 1 сингл после "Bohemian Rhapsody". Испеана заедно со Bowie, една е од нивните најпознати и најценети песни во историјата на Рок музиката.
VH1 ја сместува на местото број 31 во нивната листа 100 најдобри песни на 80тите години, а према Rolling Stone е втора најдобра соработка во музичката историја. Изведувана буквално на сите концерти, се наоѓа и на голем број на компилациите од бендот.
07. Killer Queen
https://www.youtube.com/watch?v=2ZBtPf7FOoM
Албум: Sheer Heart Attack
Година: 1973
Текст: Freddie Mercury
Прв хит на групата, кој стасал до број 2 на британската сингл листа во 1974 година.
Се наоѓа и на првата компилација од најголеми хитови на бендот.
06. Somebody To Love
https://www.youtube.com/watch?v=kijpcUv-b8M
Албум: A Day At he Races
Година: 1976
Текст: Freddie Mercury
Слична на "Bohemian Rhapsody", број 2 во Британија и број 13 во Америка, ја опишува божјата улога во еден свет без љубов. Низ вокалот на сите членови, Queen успеале во песната да внесат вокални елементи како на еден хор од 100 гласа. Како голем обожавател, и фасциниран од Aretha Franklin, во Mercury имала големо влијание при создавањето на песната.
05. Don't Stop Me Now
https://www.youtube.com/watch?v=HgzGwKwLmgM
Албум: Jazz
Година: 1978
Текст: Freddie Mercury
Објавена и како сингл во 1979 година "Don't Stop Me Now" честопати била користена во филмовите, рекламите, и телевизиските шоуа. До денес ужива голема популарност меѓу фановите низ цел свет.
04. The Show Must Go On
https://www.youtube.com/watch?v=t99KH0TR-J4
Албум: Innuendo
Година: 1991
Текст: Queen (Brian May)
Последна песна на албумот "Innuendo", напишана од Brian May но официјално како песна на Queen, Ги раскажува очајните и тешки обиди на Freddie Mercury да продоли со музиката и настапите покрај тоа што се приближувал кон крајот на својот живот. Пред самото снимање, May бил премногу загрижен за неговата здравстевна состојба што и се сомневал дека може да ја испее, на што Mercury побарал една водка и ја испеал “од прва“.
Во врвот на најдобрите и најпознати песни на Queen, до ден денес се појавува во многу реклами, а преработена е и од голем број на артисти.
03. We Are The Champions
https://www.youtube.com/watch?v=04854XqcfCY
Албум: News Of The World
Година: 1977
Текст: Freddie Mercury
Позната како „Песна на сите победници“ официјално била химна и на Светското првенство во фудбал 1994 година. Често користена во спортската култура и спортските настани, била број 2 на британската сингл листа, а број 4 во Америка.
02. Another One Bites The Dust
https://www.youtube.com/watch?v=rY0WxgSXdEE
Албум: The Game
Година: 1980
Текст: John Deacon
Се наоѓа на осмиот студиски албум на бендот, Била број 1 хит во Америка, задржувајќи се 15 недели во топ 10. Нивен најпродаван сингл, со преку 7 милиони продадени копии до денес. Добитник е на неколку награди меѓу кои Американската музичка награда за Најдобар рок сингл. Често преработувана и семплувана од многу артисти, се појавува во разни шоуа, реклами, филмови и останати медии.
01. Bohemian Rhapsody
https://www.youtube.com/watch?v=fJ9rUzIMcZQ
Албум: A Night At The Opera
Година: 1975
Текст: Freddie Mercury
Најпозната и најголема песна на бендот, напишана од Freddie Mercury, се наоѓа на албумот "A Night At The Opera". Без класичен рефрен, песната се содржи од повеќе делови, сегмент од балада, оперски премин и хард рок.
Британски број 1, 9 недели се наоѓала во самиот врв на топ листата. Во 1991 година по смртта на Mercury повторно го достигнала местото број 1. Трет е најпродаван британски сингл на сите времиња.
Дел е од многу "Best Of" листи, а прогласена е и за Најомилен британски број 1 сингл на сите времиња.
Мора да сте логирани да напишете коментар.