Да се биде родител е една од најубавите работи во животот на секој човек и нема ништо поубаво од моментот кога ќе го земете малото бебенце во вашата прегратка. Јас лично поминав две бремености кои протекоа без никакви компликации штое навистина важно за секој од нас. Затоа во продолжение би сакала да посочам некои корисни работи за идните трудници.
СПИЕЊЕ - многу добро знаеме дека сонот е многу важен за да во текот на денот можиме да ги извршуваме нашите обврски, посебно во овој период кога телото доживува промени и како што напредува бременоста се јавуваат болки во нозете, стапалата, половината затоа искористете го секој момент кога имате можност да се одморите.
ХИГИЕНА - исто така во овај период многу е важна хигиената и негата. Како што напоменав претходно поради промените кои се појавуваат како внатрешно така и надворешно најдобро е на време да се информирате како да ја заштитите косата од опаѓање, забите, ноктите, кожата бидејќи неизбежна е појавата на стрии. Напомена: бидете претпазливи какви производи ќе користите бидејќи истите треба да се безбедни за трудници.
БИДЕТЕ ОПУШТЕНИ - од голема важност е во периодот на бременост да бидете што е можно поопуштени бидејќи најважно од се во тој период е вие и вашето бебенце да бидете добри, а се останато може да почека :)
ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ - се препорачува да бидеме физички активни секако во рамки на можностите (да не се претера) со цел процесот на раѓање да биде полесен. Во секој случај треба да се избегнуваат тешки физички работи кревање како и преместување тешки предмети. Водете грижа за себе и за бебенцето. Се препорачуваат прошетки кога не е жешко или ладно. Бременоста е период кога треба да си угодувате.
ИСХРАНА - внесувајте доволно течности особено вода, а доколку сте љубител на сокови трудете се тоа да бидат што е можно поприродни од овошјето што го има во тој период. На тој начин ќе се освежите, а и ќе ги внесите потребните витамини бидејќи треба да се храните поздраво. Што се однесува до телесната тежина сметам дека тоа е индивидуална работа бидејќи секој има различен метаболизам, барем во овој период не се воздржувајте од ништо бидејќи бременоста е период кога може да јадите што ќе посакате. Исто така доколку не можете да јадете риба во бременоста најдете производ кој ќе можете да го конзумирате а ќе ги има истите хранливи вредности (ОМЕГА 3 МАСТИ). Витамин Ц го има во овошјето и зеленчукот , тој е најсилен антиоксиданс растворлив во вода. Има важна улога врз рскавичното ткиво, растот на забите, хормоните и има силни антиоксидативни својства. Витаминот А е посебно важен за одржување на видот, коските, кожата, косата и забите. Има важна улога врз имунолошкиот систем и не штити од бактерии, паразити и инфекции. Витаминот Б најмногу го користи нашиот нервен систем го има во интегралните житарки, млекото, месото од птици, риба, банани, пченка и ореви. Витаминот Д исто така има важна улога и тоа за коските. Тој се обезбедува преку кожата кога сме изложени на сонце. Витаминот Е може да се најди во растителни продукти и има важна улога во метаболизмот бидејќи е силен антиоксиданс, ја навлажнува кожата, ја штити истата од црвенила настанати од поголема изложеност на сонце. Фолната киселина или витамин Б9 е особено важен за бремените жени бидејќи допринесува за нормален раст и развој на плодот. Конзумирајте спанаќ или некој друг продукт што изобилува со железо за да не дојде до негово опаѓање. Значи се препорачува разновидна храна богата со витамини.
БИДЕТЕ ПОЗИТИВНИ - и бидејќи ова е најубавиот период од животот колку што е можно мислете на убави работи, тоа е добро и за вас исто колку и за бебенцето, размислувајте што ќе правите откако ќе се роди, како ќе си играте, слушајте ја вашата омилена музика, гледајте убав филм, прочитајте убава книга. Така времето ќе ви поминува полесно. Не размислувајте премногу за процесот на породување.
ПОДГОТОВКА - како што се наближува времето така започнете ги подготовките на време. Односно бидете спремни пред време и чекајте го најубавиот момент. Од ваши блиски информирајте се што се ви е потребно. Облеката на бебенцето треба да биде чиста и испеглана пред да се употреби. Значи информирајте се за се што ве интересира пред и по бременоста бидејќи секоја информација е добредојдена.
Искрено се надевам дека наведените информации ќе бидат од корист. Со лесно на сите :)
Мора да сте логирани да напишете коментар.