Рамениците како одраз на емоциите и мислите кои се присутни во човекот

 

Според држењето на рамениците можете да дознаете кои емоции и мисли се присутни во човекот. Преку рамениците можеме да дознаеме дали некој го работи она што го сака, или работи нешто што е спротивно на неговата волја. 

Ако во себе чуваме чувства или некакви конфликти, тогаш нашите раменици ќе бидат напнати и згрчени. Ако работиме нешто што не го сакаме, или пак не можеме да ја искажиме нашата грижа и љубов, мускулите се деформираат.

Оние кои не можат да го издржат товарот на животните проблеми или вината од постапките од минатото, нивните раменици се подгрбавени. Поради страв или неспокој, ние ги држиме рамениците многу напнато.

 

Еве неколку примери од кои преку положбата на рамениците можеме да заклучиме каква енергија се крие во човекот:

 

- Ако рамениците се наназад, а градите се истакнати, тоа значи дека сакаме да се покажеме пред околината. Тогаш грбот ќе биде слаб и крив.

- Тензијата што преовладува на левата страна е поврзана со женскиот принцип. Тоа значи дека не сме се манифестирале доволно како жена, или сме загрижени поради нашата комуникација со женискиот пол. Исто така, ги рефлектира и нашите чувства, како и способноста да ја изразиме креативната страна во нашиот живот.

- Тензијата на десната страна е поврзана со машката природа, односно е манифестација на агресијата и моќта. Тоа е владејачката и дејствувачката страна која на себе ја презема одговорноста. Таа ја одразува нашата активност, како и односите со мажите.

 

Исто така преку рамениците можат да се препознаат и нашите ставови. 

  1. Ако не знаеме како да постапиме, ги стегнуваме.
  2. Ако не сакаме да комуницираме со некој, ги свртуваме.
  3. Често како знак за повик, ги помрднуваме.
  4.  “Замрзнати” рамења може да укажуваат на нечија ладнокрвност или пак на нашата сопствена ладнокрвност. Емоциите се “замрзнуваат” и не успеваат да добијат изразување.

 

Затоа, ослободете го товарот од своите раменици. Бидете слободни, бидете свои.

 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот