Развод на благороден начин - Додека џелатот не не раздели

За Старите Грци разводот бил шанса да се ослободат од неподнослите бракови, и таа можност ја имале и Римјаните. Но кога христијанството стапило на сила се менува апсолутно се. Бракот станал една од светите тајни, односно заедница на двајца што се сакаат и решаваат да останат заедно и да го крунисаат сето тоа додека смртта не ги раздели. Тие што сакале да се разведат требало да добијат дозвола од поглаварот на западната црква ПАПАТА или црквените владетели да бидат милостиви и да дозволат тој брак да престане. Тоа се случувало многу ретко бидејќи заедничките услови за да настапи развод требало да бидат крајно неподносливи или да има некој проблем кој не може да се реши (неплодност, полигамија, неверство итн.). Тоа денес не е случајност и разводите денес се случуваат како од шала за бизарни и мизерни причини и многу мали расправии. Тоа што се случува денес во минатото било необјасниво и невозможно. Се разведувале само благородници, поглавари, водичи на династии, кралеви итн. бидејќи само тие можеле да го издржат притисокот и јавното излегување. Во тој период за развод најпрво требало да се известат неколку припадници на династиите и да испланираат како сето тоа ќе се одвива. Во овие нечесни игри за разводи имале и високи црквени личности како папата Александар Четврти односно Родриго Бориџиј. Тој на своите деца им наметнувал бракови со високи претставници од владетелите и црквите. На својата ќерка Лукреција Борџија ( 1480- 1519) и наметнал три сопрузи за кои што за двајца од нив неможеме многу да кажеме бидејќи биле убиени. За да го поништи првиот брак на својата ќерка со Џовани Мариј Своч го натерал папата да го прогласи за импотентен а бракот да се смета за "неконзумиран".

Кога Џовани слушнал за обвинението против него дека не ги исполнува своите брачни обврски многу бесно изреагирал. Подоцна неговиот помошник Лудовико Моро му понудил да ова обвинение го докажи не повеќе ни помалку туку пред сведоци, но Џовани го одбил предлогот и решил да го потпише обвинението. Подоцна за да се реши од досадниот љубовник на неговата жена која веќе била во блажена состојба со вториот сопруг Алфонсо Аргонски кој  навистина го сакала, заедно со нејзиниот брат Цезар Борџија скроил план да го убие но за жал Цезар ги убил двајцата. Не е лесно да си зет на Борџији. Третиот маж  на Лукреција, Алфонсо де Есте успеал да ја надживее својата сопруга. 

KatarinaVelika

Неплодноста како состојба одиграла важна улога во разводите на благородниците. Анрие од Наваре со желба да се ослободи од својата распуштена сопруга Маргарита од Валоа решил да ја искористи оваа прилика. Тие со години живееле разделени, и Маргарита била неизмерно среќна кога се разведила бидејќи добила се што сакала од дворци до многу пари. Но истата судбина не ги пречекала и останатите распуштеници. Некои од нив морале да се затворат во манастири а таква е и приказната на Јевдокија (1669- 1731) на која од страна на нејзиниот сопруг топло и било препорачано да оди во манастир. Нејзин сопруг бил рускиот цар  Петар Први  кој во дворецот се заљубил во дворската дама Ана Мос. Царството се противело на одлуката на Јевдокија но кога сватила дека нема каде да оди решила да се затвори во манастирските одаи. Не поминало многу време откако Јевдокија живеела во манастирот и добила придружничка која исто така била оставена од сопругот а тоа е Катарина Втора или Катарина Велика. Уморна од лудостите на нејзиниот сопруг Петар Трети сковала завера: царот бил уапсен а потоа и убиен. 

Мудрата Катарина не се мажела повторно и продолжила да владее. Многу години подоцна византијската Зоја ( 975-1050) пробала сама да ги реши своите брачни проблеми како што знаела и умеела. Таа своите мажи ги отстранувала  од својот живот и потоа ги менувала уметничките дела на кои тие биле прикажани. Тоа се случило и со мозаикот  во прочуената црква Св. Софија. Мозаикот го нарачал Зоинот прв сопруг Роман Аргир. Меѓутоа ликовното дело му донело само несреќа. Се верувало дека сопружниците не се сложувале. Роман имал многу љубовници. Ништо чудно. Но Зоја тоа не можела да го издржи а ниту да го опрости. За инает станала љубовница на Михаел Четврти Пафлагонце ( 1010-1041). Истата вечер кога бил одржан обредот за венчавање, Михаеловиот лик на мозаикот бил заменет со ликот на вториот сопруг на Зоја, Роман. Продолжетокот бил ист. Кога Михајло починал мозаикот претрпел уште една промена. Зоја се омажила по трет пат за Константин Мономах. Неговиот лик и денес го краси мозаикот на Аја Софија. Сето ова не е ништо за разлика од брачните крвави сплетки на англискиот крал Хенри Осми ( 1491-1547) за кој желбата да добие машки наследник го довела до состојба да се жени шест пати.

Од своите жени се ослободувал на суров и крвав начин, а запаметен и по разводот доследен на светската историја. Сакал да го поништи бракот со Катарина од Аргон обвинувајќи ја дека е неспособна на свет да донесе машки наследник за да се ожени со дворската дама Ана Болен. Барањето останало без одговор. Хенри после сето ова ги прекинал сите врски со Ватикан и Рим со законот за супермација во 1543година кога се прогласил за врховен владател на Англиската црква, што влијаело да биде сместен во протестанскиот дел. Хенриевиот меден месец на Хенри кратко траел. Ни Ана не успеала да му даде син. Подоцна Ана била обвинета за инцест, прељуба и вештерство. Три години после венчавката, главата на Ана била отсечена. Ни останатите жени не поминале нешто подобро. Било како било кралицата Елизабета Прва ( 1533-1603) ја родила ќерката Ана Болен, и се решила од сите брачни проблеми јасно и гласно НИКОГАШ НЕ СЕ ОМАЖИЛА!!  Така се угаснала династијата Тјудор. Хенриевото насилното  однесување и неможноста да има машки наследник е објаснето со симптоматски причинители и болест кои  се објаснети многу подоцна а тоа е дека Хенри страдал од ретка генетска болест Маклаудов синдром. Станува збор за пореметување кое  го зафаќа мозокот, периферните нерви,крвта, мускулите и срцето. Жените кои ке останале во блажена состојба од него носеле мутирани гени, а заболувале само машките ембриони. 

''Ljubavni ugovor'', slika Mišela Garnijea iz 1780. godine, koja prikazuje šta znači ugovoreni brak

Не сите владетели и благородници станувале насилни кога ќе престанеле да ги сакаат своите сопруги. Најраспростанет вид на олеснување од брачните маки била прељубата. Сопружниците биле многу свесни што им се случува и на секој можен начин биле среќни поради тоа и не се спротиставувале. Катарина Медичи ( 1519 - 189) кралица на Франција целиот свој живот ја поднесувала љубовницата на својот сопруг Дијана од Поатјеа која на Анри Втори не само што му била втора жена туку и советничка. Била осуманесет години постара од владетелот а нејзината убавина го засенувала. Интересно е тоа што Катарина Медичи не покажувала симптоми на нетрпеливост према Дијана туку напротив и двете настапувале со заеднички сили. Тоа го барале и тешките правила на дворскиот живот. Да се што се случува изгледа нормално. Секоја од нив две си ја олеснувала работата и во секоја прилика докажувале дека не се смртно заљубени во Анри. Браковите а посебно меѓу благородниците најчесто биле договорени и во многу ретки случаеви биле успешни. И прељубите имале свои последици: некогаш трагични а некогаш среќни, додека детето секогаш било сеќавање на љубов која била забранета. 

 

 

 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот