Реал Мадрид е новиот првак на Шпанија

На едно коло до крај, Реал Мадрид ја обезбеди титулата во шпанското фудбалско првенство.

 

Во рамките од 37то коло на кралскиот клуб од Мадрид му беше потребна победа над Виљареал, за сигурно да ја обезбеди својата прва титула во последните три години.

 

Без публика, на стадион кој собира 6000 гледачи, можеби и не е најдобра прилика за славење на еден таков момент, но на крајот од денот најбитна е статистиката, во која ќе остане запишано дека ова е 34та титула на тимот којшто го држи приматот за најтрофеен клуб во Шпанија.

Со двата гола на Карим Бензема (29', 77' пенал) и на Висенте Ибора (83') а со киксот на ривалите од Барселона (пораз 1:2 од Осасуна) бодовната разлика помеѓу двата ривала на едно коло до крај изнесува 7 поени.

 

"Ова е подобро од било што. Потребен е огромен напор да се освои Ла Лига. После 37 натпревари имате повеќе бодови од најголемиот ривал, повеќе бодови од уште неколку конкурентни екипи. После една ваква сезона и се што се случуваше во неа, ова е невероватно, денеска е еден од моите најдобри денови како професионалец" - изјави Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид

Тимот на Зидан ги доби сите 10 натпревари од рестартот на сезоната, која беше прекината поради COVID-19.

Да напоменеме дека Зидан го водеше тимот до титулата од пред 2 сезони (2016/17) и во меѓувреме го напушти кормилото на клубот, за да повторно во текот на оваа сезона ги превземе, и да ги врати на шампионскиот трон.

 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот

Низ мојата омилена парола "Without ART, Earth is just just EH", во прв план и како за мене битни секогаш ги ставам музиката, филмот и уметноста општо. Понекогаш и некоја добра книга, и фудбал секако. Обожавам квизови и енциклопедии, а батериите највеќе ми ги полнат звуците на природата, далеку од метежот и гужвите.