Robin Williams (21 јули 1951 - 11 август 2014) бил американски актер и стендап комичар, често опишуван како енергичен, жив, неверојатно духовит и талентиран. Ќе остане запамeтен по улогите во филмовите како „Добриот Вил Хантинг“, „Друштво на мртвите поети“, „Добро утро, Виетнам“, „Аладин“, „Госпоѓа Даутфаер“ и многу други.
Иако во професионалниот живот, на сцена и меѓу своите колеги секогаш оставал впечаток на весела и оптимистична личност, долги години во текот на својот живот се борел со депресијата и проблемите кои биле последица на неговата зависност од алкохолот и дрогата.
И покрај сето тоа, работел се до својата смрт во 63та година, кога на изненадување на многумина, во 2014 година извршил самоубиство.
Во текот на целиот свој живот, покрај актерството се бавел и со хуманитарна работа. Заедно со своите колеги Whoopi Goldberg и Billy Crystalја основал организациајта Comic Relief, USA која во 2016 година собрала 80 милиони $ за помош на бездомниците.
Иако е можеби потребно уште многу време критиката да го прифати неговиот актерски талент како еден од најголемите во својата генерација, секој кој бил во контакт со неговата работа знае со колкава леснотија ги пренесувал своите чувства кон публиката, успевајќи да насмее, воодушеви, збуни, но и да ги натера да плачат како деца, без разлика на возраста.
Вистински пример за тоа дека за да оствариш успех не ти се потребни добар физички изглед, јако и моќно потекло, туку труд, талент и желба да се соочиме со сето она што ни го нуди животот.
Низ своите улоги Robin Williams пренел безброј пораки на младите и постарите генерации.
И покрај неговиот исполнет професионален и фамилијарен живот, одлучил на трагичен начин да го напушти, и притоа да го збуни целиот свет, но и отварајќи ни очи дека со внимание треба да ги гледаме блиските луѓе околу нас, на кои и покрај насмевката што ја „носат“ на своето лице, можеби им е потребна и помош.
Во продолжение, 10 цитати на големиот актер, кој ги забавуваше сите, а тагата ја чуваше само за себе.
„Carpe Diem. Зграпчете го денот момци. Направете ги вашите животи неверојатни.“
„Вие не знаете што е вистинска загуба затоа што таа се случува само кога љубите некого повеќе од себе. Се сомневам дека некогаш сте се осмелиле да сакате некого толку многу.“
„Сите вие имате една мала искра лудило. Не смеете да ја изгубите.“
„Талентот е дар од Бога, а она што ние ќе направиме со него е дарот према Бога“
„Никогаш не одбирајте караница со грда личност, тие немаат што да изгубат.“
„Извини, ако беше во право, ќе се согласев со тебе.“
„Најдобрите идеи доаѓаат во најтешките времиња“
„Порано мислев дека најлошата работа во животот е да останеш сам. Не. Најлошата работа во животот е да завршиш со личност со која се осеќате осамено“
„Без разлика на она што ви го велат луѓето, зборовите и идеите можат да го променат светот.“
„Ако жените владееја со светот немаше да има војна, туку само интензивни преговори на секои 28 дена.“
Мора да сте логирани да напишете коментар.