Колку долго смееме да ги употребуваме козметичките производи после нивното отварање?

Голем број од нас посебно жените купуваат многу различни производи и непрестано се желни да пробаат нешто ново... многу од тие работи е и козметиката која најчесто е користена до половина поради купувањето на некој нов производ спротивен на тоа што сме го купиле претходно. Со оглед на тоа дека во секојдневната рутина за нега на кожата употребуваме по неколку видови на препарати но не 20 оддеднаш нели!!! Се останато останува да стои во несесер, во тоалет или на полицата за козметика по неколку месеци па дури и години (барем тоа се случува кај мене). Но дали знаете колку долго после отварањето на: пудрата, серумот, кремот, маскарата или тоникот за лице и се останато смееме да го користиме пред да стане потенцијална опасност за нашата кожа? НЕ!! Затоа во продолжение ке ви пренесам корисни информации кога е време да се решите од неискористените козметички произоди пред тие да станат опасен производ за нанаесување на вашата кожа, и затоа апсолутно никогаш немојте да користите козметички производ со поминат рок па макар и да е обичен сјај за усни. 

"НАЈВАЖНО: не отворајте многу слични производи истовремено. Логично нели!! не можете да потрошите три ноќни креми за лице во рок од три месеци"

Многу е јасно тоа дека многу од нас чуваат различни производи како обувки, облека, шишенце од омилен парфем и  слично! Сите тие производи имаат сентиментална вредност, но понекогаш не ги фрламе поради нивната економчност - пластично мало кутивче од сјај за усни за кое многу пати ке речеме ­"остави го ке се најди за чување на обетки или оние мали силиконски наставки за обетки или скап крем за лице потрошен до половина". Без разлика на тоа дали некој производ има за вас емоционална или економична причина за да чувате некој производ немојте да чувате козметички препарат на кој му е поминат рокот. Веднаш после отварањето на еден козметички препарат истиот е подложен на сончеви зраци, светлина, влажност прашина, воздух и сето тоа доведува до расипување. Да нагласиме: не допирате алати, со вашите прсти допирате и нанесувате  препарат на вашето лице  и со тоа бактериите уште повеќе се размножуваат и рокот на користење на производот  се намалува. Доколку вашиот тен необјасниво се влошил а претходно не сте имале инфекции и алергиски реакции многу е јасно дека некој козметички производ делува штетно на вашата кожа. 

ПЕРИОДОТ ПОСЛЕ ОТВАРАЊЕ НЕ Е ИСТ СО РОКОТ НА ТРАЕЊЕ

Сите сме свесни дека се што купуваме и користиме има одреден рок на живот. Но кога се во прашање производите за убавина најмногу внимание треба да обрниме на производите за сонце и производите за лекување на кожата (креми за акни, креми за сува кожа итн). Едни од главните термини за кои многу често се случува да ги измешаме се shelf life и  use after opening.  Веќе ги пронајдовте вашите производи со поминат рок на полицата? Јас да. Целата во целиот овој т.н. животен век на полицата за козметика е во тоа што половина ајде да не речеме сите производи се нови... неотворени... неискористени. Со првото отварање на еден од тие производи на вашата полица производот престанува да вреди односно настапува фазата use after opening или употребата после отварањето. Животниот век на кремите, маските, и серумите за лице се движи од месеци до 1 година, доколку на амбалажата не пишува дека призводот е наменет за подолг или пократок временски период. Кај шминката сето ова е малку подруго. Периодот на користењето на шминката зависи од текстурата и начинот на кој се нанесува. Маскарата после нејзиното отварање  најкратко преживува. Следни се пудрите, коректорите и руменилото како и камените пудри кои имаат особина да му пркосат на времето малку подолго. 

ЗА ПУДРИТЕ ЕДНА ГОДИНА НО ЗА КРЕМИТЕ ДВАПАТИ ПОМАЛКУ

Пудрите  коректорите, кремите, серумите, маскарите, кармините, моливите за очи и се останато се исклучително подложни на развој на микроорганизми поради нивната течна и кремаста структура. Рекордот за најмал животен век го имаат маскарите и тушевите за очи и се препорачува истите да се искористат во рок од 3-6месеци. Кога ке дојде исушување на маскарата не се обидувајте напразно да ја оживеете и да ја вратите во живот притоа користејќи: вазелин, капки за очи, течности за леќи итн. Подобра варијанта на сувото четче од маскарата е да го искористите како чешел при средување на веѓите.  По отварањето кремите, коректорите и сите други козметички производи со течна и кремаста структура преживуваат околу 1 година. Користењето на четки, шпатули, пипети, па дури и стапче за уши при нанаесување на одреден козметички препарат ке  направите да производот биде сосема безбедно нанаесен притоа не загадувајќи го вашите прсти  а со тоа ке го продолжите и животниот век (не вечно но барем одреден период). Производите за лице посебно кремите и серумите имаат двапати помал животен век од сите други препарати поради високата влажност и подложност на бактерии поради специфичните состојки од кои се направени. Најчуствителни се на сонце и сончеви зраци. Најдобар пример е крема со витамин Ц односно витамин кој завладеа во светот на козметиката. Производот во кој се наоѓа голема количина на витамин Ц се пакова во темни амбалажи и мали количиства. Сето ова се прави за да не до оксидација која ја намалува силата на дејство на активните состојки. 

КАЈ РУМЕНИЛОТО ПРЕДИЗВИКУВА ЧЕШАЊЕ А КАРМИНОТ Е НЕОБЈАСНИВО ЛЕПЛИВ

Секоја жена а и јас се имам сретнато со овој проблем. Нанесувам кармин убава боја, убав мирис, сјај но устата како залепена! Тоа било еден од првите знаци дека  карминот е расипан.... и јас до скоро време научив и ги исфрлив сите кармини. Тоа препорачувам да го направите и вие. Чешањето од друга страна се јавува од руменилото или пудрата но не е исклучок да почуствувате чешање или пецкање на лицето и при нанесување на крем. Сето тоа е поради поминатиот рок кој не сме го забележале или воопшто не ни паднало на памет кога сме го купиле призводот па сме помислиле дека нема да има никакви последици бидејќи само што сме го отвориле. Но не било така? Најпрво при отварање на производ кој до тој момент стоел на полицата треба да обрнеме внимание на бојата, мирисот  и конзистецијата на призводот бидејќи тие показатели ке ни кажат дали производот е сосема безбеден за да го користиме. 

  КАКО ДА ГО ПРОДОЛЖИМЕ ЖИВОТНИОТ ВЕК НА ПРОИЗВОДИТЕ  ПРЕПАРАТИТЕ ЗА УБАВИНА? 

Сакате вашите производи да траат? еве кои од нив мора да ги чувате во фрижидер за да успеете во тоа...

  • Одредени производи чувајте ги во фрижидер (подолу има и листа за кои препарати станува збор).
  • Не  ги изложувјте козметичките производи на сонце и сончеви зраци.
  • Не отварајте повеќе слични или исти  производи.
  • Не се обидувајте маскарата и тушот да ги враќате во живот. 
  • Цврсто затварајте го секој козметички производ после употребата. 

6 козметички производи кои што мора да ги чувате во фрижидер.....

  1. Лак за нокти
  2. Парфем
  3. маска за лице
  4. Крем за околу очи
  5. Крем за сончање
  6. Природна козметика

3 козметички производи кои не смеат во фрижидер

  1. Сјај и кармин за уста
  2. Молив за очи, усни и веѓи
  3. Течни пудри, коректори, бронзери, осветлувачи, нијансери итн. 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот