Секој проблем има едноставно решение? Како да го слушнете вашиот внатрешен глас?

Честопати во животот се соочуваме со тежок избор, честопати мора да донесеме важна одлука што ќе ја промени нашата судбина. Понекогаш дилемата е кој начин да ја донесеме правилната одлука, а некогаш воопшто не можеме да го видиме решението… Сите ние барем еднаш во животот сме се нашле на крстопат или народски кажано „ќор-сокак“  во нашиот живот. Во таква ситуација нашите пријатели и роднини ни даваат совет, а ние сме едноставно презаситени од двоумење, неизвесност, збунетост или страв. Толку сме збунети што велиме:

"Што да правам ...?", „По кој пат да тргнам?“

Во такви случаи обично секој ни вели - слушајте го срцето, послушајте ја вашата интуиција, слушнете го вашиот внатрешен глас.

Сепак,  одговорите на нашите прашања се во нас и единствено што треба да направиме е да го слушнеме нашиот внатрешен глас.

Но, кој е нашиот внатрешен глас? Кој е гласот на срцето? Како да го препознаеме?

Во такви тешки моменти, кога бараме излез од некоја ситуација или некој проблем, во главата обично слушаме не еден, не два гласа, туку цел хор на гласови. Опседнати сме со различни мисли и сомнежи.

Сите ние во вакви моменти слушаме глас што вели: „Што ако направам грешка?… Не, сепак подобро е да пробаш на овој начин да го решиш проблемот  отколку воопшто да не пробаш?“

Потоа друг глас ни вели - „Што ако ја пропуштам оваа шанса? Ќе го направам…"

Потоа трет глас ни вели - "Леле, а што ќе кажат другите?"

Потоа четврт глас ни вели - „Што ако не успеам?“… итн. итн. до бесконечност.

Овој така наречен хор од гласови во нашата глава создава хаос и на тој начин ние воопшто немаме пристап до нашиот внатрешен глас.

Нашиот внатрешен глас, кој што всушност е повеќе како чувство, како некое наше искуство, секогаш како да ни кажува што она што навистина треба да го направиме во нашиот живот.

 

Како го слушаме тој глас?

Прво – смирете се. Ништо не е толку важно и страшно колку што ни изгледа во моментот. Ние сме тие што ја создаваме важноста и сложеноста на проблемот - „ништо не е добро или лошо, нашите мисли го прават тоа“. Кога им придаваме голема важност на нештата, проблемот изгледа многу сложен, нерешлив, а решението е тешко и судбоносно. Под големиот товар на оваа „судбоносна“ одлука што треба да ја донесеме, ние се блокираме.

За да ​​го намалиме стресот и да ја намалиме важноста и големината на проблемот со кој се соочуваме во моментот ние не треба да заборавиме дека нема правилни или погрешни одлуки - има само различни патеки во животот.

Каква одлука и да донесеме ние нема  да згрешиме, туку патот кој што сме го одбарале ќе ни помогне да научиме нови работи или да запознаеме нови луѓе. Многу често, она што сме го сметале како грешка излегува дека е всушност најдоброто нешто што сме го направиле.

Корисни совети:

Престанете да ги анализирате работите премногу. Прекумерната анализа само нè спречува, збунува и не заплеткува во ситуацијата. Колку повеќе се обидувате да го најдете одговорот, толку повеќе се дефокусирате од целта.

Релаксирајте се. Заборавете на проблемот некое време, не размислувајте за тоа. Одете во природа, прочитајте книга, излезете со пријателите, опуштете се. Кога ќе бидете смирени полесно ќе го видите одговорот кој што го барате.

Бидете свесни дека решението постои и вие ќе го најдете. Решението и одговорот на вашето прашање е таму некаде, вие само треба да го видите. Нема проблем што нема одговор.

Следете ги знаците. Честопати можете неочекувано да го пронајдете одговорот кој што го барате на сосема неочекувано место - збор случајно изустен од наш пријател, фраза прочитана од весник или книга, знак на улица и слично. Можностите се бесконечни.

Кога знаете дека одговорот е веќе таму и верувате во тоа, вашиот потсвесен ум работи за вас - ќе почнете да ги гледате и привлекувате нештата што ќе ве доведат до одговорот.

Тогаш ќе го „слушнете“ вашиот внатрешен глас.

Кога ќе научиме да го слушаме нашиот внатрешен глас, секогаш ќе знаеме што е правилно за нас, затоа што нашата интуиција секогаш не насочува кон најдоброто решение.

Внатрешниот глас е многу мудар! Тој нè познава нас, тој разбира што сакаме, но знае и што ни треба! Затоа што вистината е во нас! Кога постои проблем-постои и решение, само треба да сме трпеливи и сконцентрирани.

Нашиот внатрешен глас не ни кажува „ова е добро, ова е лошо“. Тој ни поставува прецизни прашања, не охрабрува, не поддржува да го преживееме она што ни се случува, ни помага да се запознаеме себе си и да ги разбереме причините за нашите чувства и емоции, за нашите состојби.

Внатрешниот глас е искрен и ни покажува што мислиме и чувствуваме. Моето искуство постојано го докажува тоа, бидејќи мојот внатрешен глас секогаш е мојот прв избор за решавање на проблемот! Затоа што тоа сум јас. Јас сум задоволна кога комуницирам со себе, со мојот внатрешен глас! Тој е мојот најискрен пријател!

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот