Шест нобеловци кои ја одбиле Нобеловата нагрaда

1. Жан Пол Сартр

 

Големиот француски филозоф и егзистенцијалист Жан Пол Сартр бил добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1964 година, која ја одбил. 
Према неговите зборови како званично објаснување, наградата ја одбил поради тоа што не сакал да биде институцијализиран како писател.

„Не е исто ако се потпишам како Жан Пол Сартр или како Жан Пол Сартр, добитник на Нобелова награда. Писателот мора да избегне од тоа да биде претворен во институција, дури кога такво нешто се случува и на почесен начин“ изјавил Сартр.

 

 

2. Ле Дук То

 

Револуционерот и политичар од Виетнам ја одбил Нобеловата награда за мир која ја добил во 1973 година, поради учеството во Париската мировна конференција, во која бил потпишан прекинот на Виетнамската војна.
Причината била тоа што и после потпишаниот договор насилството не стивнало, туку сеуште траела војната во јужен Виетнам.

„Во вакви услови невозможно е да ја прифатам Нобеловата награда за мир. Кога во целост ќе бидат испочитувани условите за помирување, и се воспостави мир и во јужен Виетнам, тогаш ќе постои шанса да ја прифатам наградата“, изјавил Ле Дук То.

 

 

3. Борис Леонидович Пастернак

 

Писателот ја одбил Нобеловата награда за книжевност во 1958 година. Неговиот роман „Доктор Живаго“ према Советскиот социјализам и Црвената револуција бил премногу „Либерален“, и поради тоа бил забранет во СССР. За истата книга добил награда и за екранизацијата во истоимениот популарен филм, но ја одбил поради стравот од Советскиот режим.

 

 

4. Герхард Домаг

 

Германскиот патолог и бактериолог својата Нобелова награда за медицина ја добил во 1939 година, но бил приморан да ја одбие. Наградата ја добил благодарение на неговата работа при која бил направен првиот комерцијален антибиотик. После веста дека е добитник на Нобеловата награда, бил уапсен и приведен на сослушување од германската Гестапо полиција. По некое време бил пуштен но изјавил дека нема да ја прифати наградата која му ја доделил Нобеловиот комитет.

 

 

5. Ричард Кун

Добитник на Нобелова награда за хемија во 1938 година но бил принуден од страна на Нацистичкиот режим да го одбие признанието  Иако делува слично на ситуацијата на Домаг, сепак била многу покомплицирана.

Кун бил познат припадник на Нацистичката партија и голем заговорник на антисемитизмот. Поред тоа, благодарејќи на неговите истражувања произведен бил отровот соман, кој бил користен како хемиско оружје. Иако добитник на Нобелова награда , научната јавност била обединета во оценката дека не е заслужен за едно такво признание, и дека не може да послужи како „пример“ во науката.

 

 

6. Адолф Бутенант

Уште еден врвен научник кој поради нацистичкиот режим ја одбил Нобеловата награда за медицина во 1939 година. Наградата ја добил поради својата пионирска работа за половите хормони. Во склад со политиката на нацистичкиот режим ја одбил наградата, но подоцна, во 1949 година ја прифатил.

Бил член на Нацистичката партија, и учесник во проектите поврзани со војните активности на Германија.Сепак, за разлика од Кун, никогаш активно не го пропагирал Нацизмот.

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот

Низ мојата омилена парола "Without ART, Earth is just just EH", во прв план и како за мене битни секогаш ги ставам музиката, филмот и уметноста општо. Понекогаш и некоја добра книга, и фудбал секако. Обожавам квизови и енциклопедии, а батериите највеќе ми ги полнат звуците на природата, далеку од метежот и гужвите.