Не дозволувајте односот на колегите да влијае врз вашиот начин на исполнување на работите

Само што го завршивте вашето високо образование, конечно во ваши раце е дипломата во која е вреднувано сето покажано знаење во текот на целокупниот образовен процес. 

Веќе почнувате да следите огласи кои одговараат на профилот на занимање кој отсекогаш претставувал ваша желба да се претвори во професија, можност за надоградување и потенцијален извор на егзистенција. 

Почнувате да ги испраќате своите мотивациони писма и CVа до сите заинтересирани ентитети за вашите знаење и способности. После неколку интервјуа за работа, конечно наоѓате работодавец кој е подготвен да ги задоволи вашите барања и критериуми.

Веќе сте на новото работно место, полни со ентузијазам и желба за докажување, но сепак забележувате дека во работното опкружување не струи иста енергија како вашата.

Немојте веднаш да очајувајте и дозволите да ве понесе лошата енергија. Прифатете дека едноставно не може сите да ве сакаат. За некои колеги вашето присуство можеби претставува опасност од конкуренција, други пак едноставно не се навикнати лесно да се прилагодат на нови лица. Вие сепак останете доследни на своите ставови и принципи. Иако сте нови можеби со текот на времето ќе успеете да покажете дека сепак вашиот начин на исполнување на работните обврски ќе придонесе кон поголема продуктивност во работата. Она што никако не смеете е да се посомневате во вашите знаења и способности. Не превземајте врз себе поголеми обврски од оние кои сте подготвени да ги исполните. Не ја работите работата која треба да ја извршат останатите вработени. Сосема во ред е да излезете во пресрет на колегите кога тоа го налага итноста на работата,но секојдневното исполнување на туѓи обврски може да прерасне во навика. 

И за крај, работата нека остане на работното место, никако не носете лоша енергија дома која како вирус може да се пренесе на вашите сакани. 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот