Другарки сте од мали нозе. Заедно ги делевте играчките во градинка. Во основно не бевте во исто одделение, но тоа не беше пречка да бидете неразделни за време на големите одмори и после завршување на наставата. Меѓусебно си разменувавте лектири. Домашната задача беше изговор да ги убедите родителите да ви дозволат да преспиете кај најдобрата другарка. Тогаш се правевте: разговаравте на долго и широко, игравте, се мававте со перници, се жалевте за нанесените неправди, ја споделувавте болката што ви ја предизвикал новиот симпатија со тоа што денес не погледнал во вас, само не и да спиете. Со текот на времето станавте поблиски и од родени сестри. Не постоеше тајна што беше непозната за вашата најдобра другарка. Со еден збор таа ве познаваше подобро од вас самите. И вие раката во оган би ја ставиле за неа.
Но, одеднаш нешто се случи. Таа без некоја посебна причина почна да се оддалечува од вас. Вашето место го зазедоа две - три девојчиња од друго друшто. На вашите повици одговараше сосем кратко, а на предлогот да излезете некаде на кафе постојано се служеше со еден ист одговор: извини, "немам време ". За кратко време вашите тајни станаа достапни за многу незасегнати страни. Вашите заеднички слики беа избришани од социјалните мрежи иместо нив, вашата другарка сега имаше објавено селфи со нови лица.
Претпоставувам дека некој ќе се пронајде во оваа приказна и доколку е тоа така, сигурно се прашува каде погрешил, која е причината што ја одалечило најдобрата другарка. За почеток премотајте го филмот наназад. Можеби ќе успеете да сфатите кога се променил односот на вашата другарка кон вас. Сигурно тоа не се случило преку ноќ. Пробајте да се присетите како таа реагирала на вашите успеси. Дали вашата среќа беше причина за нејзина радост или сепак постоеше прикриена љубомора. Знам дека ќе се запрашате како е тоа можно, вие се знаете цел живот, но сепак постојат врски кои функционираат се додека постои интерес. Запрашајте се кој ги решаваше домашните по математика, кој ги читаше лектирите и ги прераскажуваше во тетратката за лектира, а кој од вас две беше таа што само го препишуваше текстот. Потоа, вниманието свртете го на оној кој секогаш ја превземал одговорноста кога се враќавте доцна од излегување. Дали за вашите приоритети вашата другарка имала разбирање или сепак вие бевте страната која секогаш се ставаше во заден план со изговор дека и таа истото би го сторила за вас. Потоа запрашајте се за вашата попоуларност во околината. Доколку сте личност која е полна со разбирање, срдечност, а притоа истовремено плените со вашиот физички изглед, досетливост и интелегенција, тогаш не постои некој кој не би посакал да ве има во своето опкружување.
Доколку лентата од филмот за долгогодишното пријателство не прикажува ниту една од наведените ситуации, тогаш вреди да бидете упорни во откривање на вистинската причина која ја натерала вашата другарка да се одалечи од вас. Побарајте уште еднаш да се видите и да поразговарате. Кажете и отворено дека ви недостасуваат вашите меѓусебни разговори и дека би било добро да се видите.
Доколку повторно ви каже дека е зафатена прашајте дали би можела да одвои малку време завикендот. Ваше е да се обидете, но доколку и понатаму наидувате на ладен однос и желбата за дружење е еднострана можеби е време да побарате ново друштво. Сепак вистина е дека ако се сака се се може, во спротивно за тоа ќе се пронајдат многу изговори.
Мора да сте логирани да напишете коментар.