Парфимер- Хенри Роберт : Творец на легенди
Француски парфимер Хенри Роберт (1899-187) е вториот главен парфимер во компанијата Les Parfums Chanel кога во 1952 година местото го презел Ernesta Beauxa, творецот на легендарниот Chanel No. 5. Својата кариера во 1919 година Хенри Роберт ја започнува во фабриката Chiris во Грас во која работел заедно со прочуени парфемски имиња како: Vincent Roubert, Ernest Beaux и Henri Almeras. Неговиот татко кој во тоа време бил главен парфимер во Chiris, прв ја развил екстракцијата на мирисите со помош на испарувачки растворачи кои ден денес се користат за добивање на етерски масла од цвеќиња (ружа, лале, јоргован) притоа правејќи голема револуција како во индустриското производство така и во производството на суровини за парфеми. После неколку години Хенри Роберт се придружил Parfums d’Orsai парфемска куќа со многу долга традиција при што најстарото издание им било во 1830 година. На ова место за прв пат во 1923 година настанала првата Робертова сериозна парфемска креација Le Dandy. Овој модерен цветан алдехид останал познат без разлика на тоа што е наменет за мажи станал парфемска икона на многу млади жени во тој период. После смртта на францускиот парфимер и бизнисмен Francoisa Cotyja 1934, Роберт го добива местото на главен парфимер во парфемската куќа Coty. Две години подоцна (1936) во чест на својот ментор го креира цветниот парфем Muguet de Bois наменет за жени. Инспирацијата ја добил по Готиевиот обичај за подарок на вработените јоргован по повод месец мај односно месец на јоргованот. После избивањето на Втората светска војна Роберт станува дел од француската заедница која е раселена поради војната и се преселува Њјуорк каде што од 1940 до 1943 година продолжува да работи за Готи што по смртта на создавачот бизнисот го води неговата жена Ivonne Cotnareanu. Во овој период Роберт ја зема главната функција како парфимер во оваа компанија. Тестамент на Роберт сепак останува Chanel No. 5 и овој парфем се прославува секоја година на датумот на роденденот на Коко Шанел (19август). Постои легенда дека овој парфем бил постојано користен се до неговата смрт. Chanel No. 5 е последниот парфем лансиран од прочуената Mademoiselle. Иако е тешко да се диференцира и да се опише но многу парфемски критичари имаат високо мислење за него. Останати парфемски креации на Роберт Хенри се:
1925 – Le Dandy, Parfums D’Orsay
1936 – Le Muguet des Bois, Coty
1953 – Glamour, Bourjois
1951 – Ramage, Bourjois
1955 – Pour Monsieur, Chanel
1970 – No. 19, Chanel
1974 – Cristalle, Chanel
Парфимер - Jean Claude Ellena : Алхемичар на парфемите
Парфимер, писател и алхемичар. Сонувач чиј идеал била едноставноста. Себеси се опишува како многу тивок човек кој повеќе сака да слуша отколку да зборува. Неговата муза е животот сам по себе и секоја приказна која ќе го допре се однесува на парфемите. Така што парфемот за него е приказна а мирисот е збор. Роден во Грас 1947 година. Својата кариера ја гради во Грас кога во почетокот на 20 век целата фамилија од Источен Медитеран преку Италија се преселува на југот на Франција и таму останува. Во периодот од неговиот живот најчесто кажува дека не бил дисциплиниран на училиште и неговиот татко кој е исто така парфимер го терал да работи. Во зората берел јасмин и го продавал во парфимериите. Во својата 16година се вработува во една од најстарите парфемски куќи на светот Antoine Chiris, а во 1968 година кога Givaudan отворил парфемска куќа во Женева тој станува негов прв ученик. Прочуениот Edmond Roudnitska имал големо влијание врз него. Со него се запознал кога имал 19 години кога неговиот татко му дал списание кое гласело "Совет на младиот парфимер". По завршување на училиштето се враќа во Париз. Првиот а и голем успех го остварува со парфемот First кој го лансирала парфемската куќа Van Cleef & Arpels. Тогаш имал 28 години. Од 1983 година станува главен парфимер во Givaudan и Roure-Givandan, а потоа и во Haarmaan & Reimer. Креирал парфеми за многу парфемски куќи а најубави негови креации се:
Acqua di Parma:
Colonia Assoluta (2003)
Amouage:
Dia Pour Femme (2002)
Bvlgari:
Eau Parfumée au Thé Vert (1992)
Eau Parfumée au Thé Vert Extrême (1996)
Cartier:
Declaration for Men (1998)
Frédéric Malle:
Angéliques sous la Pluie (2000)
Cologne Bigarade (2001)
Bigarade Concentrée (2002)
L’Eau d’Hiver (2003)
Rose & Cuir (2019)
Hermès:
Hermèssence collection
Rose Ikebana
Osmanthe Yunnan
Brin de Réglisse
Vétiver Tonka
Vanille Galante
Paprika Brasil
Santal Massoïa
Ambre Narguilé
Iris Ukiyoé
Poivre Samarcande
Épice Marine
Cuir d`Ange
Muguet PorcelaineL’Artisan Parfumeur:
L’Eau d’Ambre (1978)
La Haie Fleurie du Hameau (1982)
Ambre Extrême (2001)
Bois Farine (2003)
Van Cleef & Arpels:
First (1976)
Miss Arpels (1994)
The Different Company:
Bois d’Iris (2000)
Osmanthus (2001)
Rose Poivrée (2001)
Bergamote (formerly Divine Bergamote) (2003)
Останати:
Eau de Campagne (1974), for Sisley
Rumba (1988), with Ron Winnegrad, for Balenciaga
Globe (1990), for Rochas
In Love Again (1998), for Yves Saint Laurent
Aromantic (1999), for Decléor
Bazar Femme (2002), with Bertrand Duchaufour & Emilie Copperman, for Christian Lacroix
Blanc (2003), for Paul & Joe
Emporio Armani Night for Her (2003), with Lucas Sieuzac, for Giorgio Armani
Eau de Lalique, with Emilie Copperman, za Lalique
Парфимер - Sophia Grojsman : Пикасо меѓу парфимерите
Креирала повеќе од 50 парфеми кои и ден денес се сметаат за безвременски класици: Lancome Tresor, Yves Saint Laurent Paris, Calvin Klein Eternity, Gloria Vanderbilt Vanderbilt, Bvlgari Pour Femme и многу други како и воведувањето на сосема новиот стил на правење на парфеми таканаречени линеарни парфеми. Родена е на 8 март 1945година во Белорусија. Нејзиниот татко бил партизан за време на Втората Светска војна и спасил група на Евреи меѓу кои била и нејзината мајка.Тоа била љубов за цел живот. Детинството кое го имала со нејзината сестра наместо играчки, часовите и деновите ги поминувале опкружени со многу полиња со цвеќиња. Основата на многу нејзини креации била ружата како симбол на љубовта и како првиот цвет што мажот и го подарува на жената кога изјавува љубов. Добитничка на најпрестижните награди за парфеми: 1994. наградена е со титулата Cosmetic Executive Women’s (CEW) Achiever Award за животно дело во парфимерскта индустрија , a 1996 година ја добива Living Legend Award, од страна на American Society of Perfumers. Наградата CEW повторно ја добила во 1999. за животни достигнувања во парфимерската индустрија. Во јуни 2016 година iкомпанијата IFF и ја доделува наградата за животно дело.
Мора да сте логирани да напишете коментар.