Деновиве пристигна добра вест за љубителите на музиката од балканските простори, Spotify (https://www.spotify.com/mk/) стана официјално достапен и кај нас.
Сервисот кој стана достапен и за 12 други држави, меѓу кои и Албанија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина официјално требаше да започне од 15ти јули, но на наше задоволство тоа го направија и порано од предвидениот датум.
„Денешното лансирање ја отвора вратата за стотина милиони нови обожаватели од целиот свет, со кое можат да започнат отривање на нова музика на Spotify, а од голема корист секако ќе биде и за музичарите и уметниците од регионот да стасаат до глобалната публика на обожаватели“, вели Густав Гиленхамар, заменик директор на Spotify за пазар и раст на претлатници.
Достапни ќе бидат две верзии на Spotify, едната е бесплатна во која ќе треба да се слушаат и рекламите, а втората е премиум верзија со три подверзии, со која за 5 евра може да си овозможиме слушање на омилената музика без прекин. Во пакетот вклучена е и опцијата за превземање на песните и слушање офлајн.
Трите подверзии на премиум верзијата се:
„Premium Student“, пакет од 2,5 евра за која потребно е корисникот да е студент на некој од универзитет (овој пакет не е достапен за сите пазари).
„Premium Duo“ e пакет за двајца корисници за 6,5 евра со редовно надополнување на плејлисти на двајцата корисници.
„Family“ е пакет кој овозможува најширока флексибилност во цена од 8 евра.
Со најновото проширување, музиката на Spotify е достапна на близу 100тина пазари низ светот.
Мора да сте логирани да напишете коментар.