МИРИСНА НОТА - ЦРН БИБЕР, ЦИМЕТ И КАРДАМ
ЦРН БИБЕР
Често наречен Крал на зачините или црно злато. Денес а и во минатото освен во кујната се користи и во козметиката и медицината. Векови наназад бил главен производ за размена поради инхерентните способности. Не се користел само како зачин во храната туку како и лек за подобро варење. Многу е застепен во парфимерската индустрија поради способноста за поврзување на високите и ниските мирисни ноти. Има потекло од Индија. Растението на црниот бибер може да достигне и висина до 10метри. Поради карактеристичноста на плодот на црниот бибер да ја менува бојата на плодот која може да биде зелена и црвена ( во зависност од периодот на зреење) додека црната се јавува кога плодот е многу зрел. Црниот бибер во минатото го поседувале само елитните личности кои за него во замена добивале злато. Има многу силно есенцијално масло кое се додава во парфемите. Интензивното и многу силно мирисно дејство на црниот бибер е комплексно составено. Најдобро се комбинира со цитрусните ноти. Етеричното масло на црниот бибер се користи во ароматерапијата за смирување и лекување на анксиозност, но и за масажа, смирувачко и затоплувачко дејство. Најмногу привлечна комбинација на црниот бибер е комбинацијата ружа и црн бибер.
ЦИМЕТ
Еден од најпознатите зачини во нашата кујна. Поради својот интензивен мирис се користи како во кујната така во медицината, козметиката и парфимерската индустрија. Се добива со парна дестилација на кората но и од листовите од кои се добива етерично масло. Најзначајни одгледувалишта на цимет се наоѓаат во Источна Индија и Индонезија, Цејлон, Бурма и Индонезискиот Архипелаг. Во Библијата циметот се споменува како средство за советување на луѓе и објекти. Науката докажала дека мажите сакаат и најмногу реагираат на мирисот на ванила и цимет. Циметот е толку совршен што во минатото бил даван како подарок на боговите и кралевите. Исто така Египјаните, Арапите, Римјаните, Португалците и многу други народи многу години тргувале со циметот. Најпознати парфеми со оваа мирисна нота се: Paco Rabanne 1 Million, Lolita Lempicka L, Burberry London for Men, Boss Bottled, Zara Homme, Diptyque L’Eau, Jean Paul Gaultier Classique, Dior Poison, Dior Hypnotic Poison, Boucheron Jaipur Homme, Frederic Malle Musc Ravageur, Balmain Ambre Gris, Calvin Klein Liquid Gold Euphoria, Chopard Cašmir, Givenchy Organza Indecence, Serge Lutens Feminite du Bois, Dior Dolce Vita, Tom Ford Santal Blush, Viktor&Rolf Spicebomb, Hanae Mori HiM, Clive Christian X for Men, Chanel Egoiste, Histoires de Parfums 1899 Hemingway.
КАРДАМ
Претставува ароматично, зачинско растеније од фамилијата на ѓумбирот. Египјаните го сметале за состојка од која се прават парфеми но и се одржува телесната хигиена. Во смеса со темјанот се користел за избелување на забите. Најомилен производ од ова растение е етеричното масло кое има ароматичен мирис. Потекнува од Азија и е истакнат зачин во индиската кујна. Денешниот кардам се произведува во Гватамела, Малезија и Танзанија. Кардамот е едно од најскапите зачини во светот и затоа неговот етерично масло се смета за една од најскапите состојки во производството на парфеми. Се користел исклучиво за машките парфеми но денес и кај женските. Се смета за интензивен, нападен и парфем полн со контрасти. Парфеми со оваа мирисна нота се:
jmal Evoke for Him
Amouage Opus I
Avon Surrender
Azzaro pour Elle
Bond no 9 Brooklyn
Bond no 9 Chinatown
Boucheron Jaipur pour Homme
Burberry the Beat
Bvlgari Calaluna
Bvlgari Omnia
Cartier Declaration
Costume National Soul
D&G The One for Men
DSH Perfumes Cardamom & Khyphi
Emeraldo Zegna Intense
Fragonard Santal Cardamome
Hermes Voyage d’Hermes
Jo Malone Dark Amber & Ginger Lily
Kenzo Jungle L’Elephant
L’Occitane Eau des Baux
Lubin Black Jade
LUSH Cardamom Coffee
Marni Marni
Mauboussin Histoire d’Eau
Narciso Rodriguez Bleu Noir for Him
Neela Vermeire Trayee
Olfactive Studio Lumiere Blanche
Penhaligon’s Elixir
Penhaligon’s Endymion
Penhaligon’s Malabah
Tom Ford Noir Extreme
Versace Crystal Noir
Versace Man Eau Fraiche
Yves Saint Laurent Nu
МИРИСНА НОТА - Ylang Ylang-
Ylang Ylang освен што е окарактеризиран како "јасмин за сиромашните" е една од најкористената супстанција во производството на парфеми. Но називот не е без причина, туку поради тоа што оваа состојка е многу ефтина. Без оглед на тоа што е многу ефтин оваа нота има незаменливо тропски и цветен мирис. Етеричното масло од ова растение се добива со парна дестилација на цветовите во раните утрински часови. Одлично се вклопува со мирисните ноти на: мимоза, бергамон, амил салицилат, гарденија итн. Парфемите кои имаат доминантна нота на Ylang Ylang се: nnick Goutal Songes, Boucheron Boucheron Femme, Cacharel Loulou, Calvin Klein Escape, Caron Nocturnes, Chanel Bois des Iles, Chanel Coco Mademoiselle, Chanel no 5, Chloe Chloe, Dior J’Adore, Elizabeth Taylor White Diamonds, Givenchy Amarige, Guerlain Chamade, Guerlain L’Instant, Guerlain Mahora, Guerlain Samsara, Hanae Mori Hanae Mori, Hermes 24 Faubourg, Jean Paul Gaultier Classique, Kenzo Jungle Elephant, Lanvin Arpege, Lancome Poeme, Laura Biagotti Venezia, Nina Ricci L’Air du Temps, Rochas Byzance, Tom Ford Black Orchid.
Мора да сте логирани да напишете коментар.