Stanley Kubrick (26 јули 1928 – 7 март 1999), 10 филмски класици

 

Тешко, скоро невозможно е дека еден ден големите филмофили, критичари и останати вљубеници во филмот ќе се сложат околу тоа кој е најдобриот режисер на сите времиња, од причина што во филмот, како и во многу други сфери секогаш се појавуваат нови и свежи лица, со нови идеи во филмската индустрија.

Но неспорно е влијанието кое во филмската индустрија го остави Стенли Кјубрик, за кого со сигурност можеме да кажеме дека е еден од најдобрите, еден од најголемите режисери на сите времиња.

И покрај фактот што неговиот последен филм е снимен пред 21 година, ретко постои особа која себеси се рачуна за филмски фан, а да не слушнала за Кјубрик, или не изгледала барем еден негов филм.

 

На денот на неговиот роденден (26.07) хронолошки ви претставуваме 10 од вкупно 13 негови снимени долгометражни филма, од кои многу, ако не и сите се вбројуваат во најголемите филмски класици.

 

Филмовите на Кјубрик често се книжевни адаптации, карактеристични по своето техничко совршенство и ивентивниот пристап према филмското сценарио.

Стенли Кјубрик, према незваничната историја, бил своеглав осаменик, со страствена посветеност према филмот, мизантроп, бескомпромисен критичар на човечките слабости, ексцентрик кој е луд за шахот како игра, книгите и музиката.

Но, вистинската вистина за него, постоела или не, остана вечно да ја провоцира мечтата кај сите љубители на филмската уметност.

 

Нема да ја објаснуваме содржината на филмовите, туку низ едно кратко претставување за сите поединечно, ќе оставиме на вас да изберете, и да гледате.

 

 

10. Paths of Glory (1957)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

https://www.youtube.com/watch?v=nmDA60X-f_A

 

- Во тоа време, Кјубрик бил се подобар со секој негов нареден филм, така да овој филм претставувал озбилен скок напред за него.
Во филмот ги вовел препознатливите режисерски постапки, како долгите сцени со пратење на главниот лик, према кои подоцна ќе постане претпознатлив.

Главни улоги: Kirk Douglas 

 

 

09. Spartacus (1960)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

https://www.youtube.com/watch?v=HcIMY1Ah3aw

 

- „Спартак е единствениот филм врз кој не сум имал потполна контрола“ - изјавил Кјубрик, после завршетокот на снимањето.
Во филмот, Кирк Даглас за улогата на Спартак ја остварува една од своите најдобри улоги на филмското платно. Филм за ропството и побуната за време на Римското царство.

Главни улоги: Kirk Douglas, Laurence Olivier, Jean Simmons, Charles Laughton, Peter Ustinov

 

 

08. Lolita (1962)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

https://www.youtube.com/watch?v=pa2Xneqv5oc&feature=emb_logo 

 

- Многумина овој филм го рачунаат за најпроблематично филмско дело на Кјубрик, што и не е чудно ако се земе во предвид дека е снимен према истоимениот роман на Владимир Набоков, една од најконтроверзните книги на сите времиња.
Сепак, филмот не само што не му наштетил на режисерот, туку му послужил како отксочна даска за понатамошните успеси.

 

Главни улоги: James Mason, Shelley Winters

 

 

07. Dr Strangelove or: How I Learned to Stop Worrying and Love the Bomb (1964)

https://www.youtube.com/watch?v=IutX5AGEYZc&feature=emb_logo

 

- Негова втора соработка со Питер Селерс. Филм преполн со хумор и сатира, но истовремено ве ужаснува кога сфаќате колку е вистинит, иако делува смешно.
Низ самиот филм се провлекуваат многу теми, кои мора да се препратат внимателно. Завршетокот е нешто што едноставно мора да се изгледа.

 

Главни улоги: Peter Sellers, George C. Scott

 

 

06. 2001: A Space Odyssey (1968)

https://www.youtube.com/watch?v=Z2UWOeBcsJI&feature=emb_logo

 

- Без сомнеж, еден од трите најдобри негови филма, за многумина и најдобар, кој иако снимен 1969 година гледајќи од денешна перспектива не делува воопшто старо, туку сосема спротивно.

После успехот на Dr Strangelove, Кјубрик се свртил према епскиот проект „2001: Вселенска одисеја“, филм до чие финиширање ќе работи цели три години, соработувајќи со култниот пистаел на научна фантастика, Артур Кларк.
Идеата на филмот била да се прикаже развојот на човечката свест со самиот развиток на технологијата. Кога го гледате филмот, ви делува како да гледате 3 различни филма, секој маестрален сам за себе.

 

Главни улоги: Keir Dullea, Gary Lockwood

 

 

05. A Clockwork Orange (1971)

https://www.youtube.com/watch?v=xHFPi_3kc1U&feature=emb_logo

 

- После „2001: Вселенска одисеја“ Кјубрик го снима и своето трето научно-фантастично остварување во низ.  „Пеколен портокал“ снимен према истомената новела на Ентони Берџес, претставува мачна визија на човештвото исполнета со насилство. Филм во вид на кошмар кој ја опишува Англија во блиска иднина. Приказна за младиот деликвент Алекс и неговата банда, чија единствена позитива е почитта према Лудвиг ван Бетовен.

 

Главни улоги: Malcolm McDowell,Patrick Magee

 

 

04. Barry Lyndon (1975)

https://www.youtube.com/watch?v=XjPSGuJskxM&feature=emb_logo

 

- За разлика од останатите филмови, филм кој е малку познат на широката јавност, незаслужено. Се работи за одлично остварување со дејствие во 18тиот век, во Ирска. Номиниран за 7 оскари од кои освоил три, изобилува со кадри во кои може да се види вложениот труд на режисерот.

 

Главни улоги: Ryan O'Neal, Marisa Berenson, Patrick Magee

 

 

03. The Shining (1980)

https://www.youtube.com/watch?v=S014oGZiSdI

 

- Филм чии сцени најверојатно ви се познати, иако го немате гледано. Снимен према бестселерот на Стивен Кинг. После низа од провокативни, друштвено ангажирани и научно фантастични теми, Кјубрик пронаоѓа инспирација во еден од најнапнатите хорор класици. Филм со многу напнати кадри, благодарејќи на маестралноста на Џек Николсон кој ја игра главната улога во филмот, а кои послужиле како инспирација на многу идни режисери.

 

Главни улоги: Jack Nicholson, Shelley Duvall

 

 

02. Full Metal Jacket (1987)

https://www.youtube.com/watch?v=Ks_MbPPkhmA&feature=emb_logo

 

- Филм за војната во Виетнам, вреден за вашето внимание. Филм низ кој може да се види целиот ужас на воена обука и војување на непозната територија. Се карактеризира со впечатливи улоги и многу незаборавни цитати.

 

Главни улоги: Matthew Modine, Adam Baldwin, Vincent D'Onofrio

 

 

01. Eyes Wide Shut (1999)

https://www.youtube.com/watch?v=zoTNVSArKxM&feature=emb_logo

 

- Последен филм на Кјубрик снимен после пауза од 12 години од неговиот последен филм. Со одлична актерска екипа, ги опишува сложените односи помеѓу маж и жена, и нивната меѓусебна доверба. 
Филмско дело со врвни психолошки истражувања на човечката психа и сексуалност.

 

Главни улоги: Tom Cruise, Nicole Kidman

 

Доследен до самиот крај, останувајќи им верен само на своите сништа, Кјубрик успеал да ги спои светот на единствени уникатни уметнички идеи и мрачните визии низ неговите антологиски филмски остварувања. На крајот до некој нов почеток остана само магичниот допир на неуништивата енергија на Кјубрик и вербата во себе, монолит кој не учи храбро да се бориме за своите сништа и верувања.

 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот

Низ мојата омилена парола "Without ART, Earth is just just EH", во прв план и како за мене битни секогаш ги ставам музиката, филмот и уметноста општо. Понекогаш и некоја добра книга, и фудбал секако. Обожавам квизови и енциклопедии, а батериите највеќе ми ги полнат звуците на природата, далеку од метежот и гужвите.