Сите имаме слаба точка кога е некоја храна во прашање што и не е така лошо. Сепак, ако сакате да ја намалите штетата при прејадувањето и претерувањето, внимавајте на секој чекор, од првото до последното залче
- Во првата минута
Вака започнува се: почнувате да лапате сладолед, бомбони, чипс а рецепторите за вкус испраќаат сигнали на мозокот "Уште"!!!
Додека џвакате, ензимите во лигата ги разложуваат скробот и шеќерот. За да се измолкнете на правичната стапица при јадењето, џвакајте го секој залак по 30 пати. Ова помага да се заситите побрзо.
- По 5 минути
Вашиот стомак работи прекувремено за да ја разложи сета храна и да и овозможи да продолжи да се движи низ тенкото црево каде што нутриентите како масти и проетеини ќе се абсорбираат во крвниот систем.
Напијте се минерална вода, во мали голтки која освен што ќе ја исплакне усната празнина, истовремено ќе ви олесни при надминување со подуеноста. Тајната е во умереноста- во случајов една чаша е сосем доволно.
- По 15 минути
Вашиот стомак и тенкото црево се подготвени преку пептидите YY и останатите хормони да му сигнализираат на вашиот мозок дека сте прејадени. Но, потребни му се околу 20 минути на мозокот за да ги произведе овие хормони, па ако претеравте со оброкот, мозокот нема да го сфати ова се додека не е веќе предоцна.
Совет: забавете го ритамот на јадење и пуштете класична музика во заднина. Истржувањата докажаа дека имате помалку залаци во секунда и храната има подобар вкус кога слушате класика.
- Во првиот час
Станува посериозно. Нивото на инсулин во крвта ескалира во обид да го контролира шеќерот во крвта. Или пак, ако прејадувањето се однесува на солена храна, крвните садови по само 30 минути стануваат помалку еластични. Долгорочното хранење со храна богата со сол несомнено води до запушени и стегнати артерии.
Во ваков случај газираните пијалоци нема да ви помогнат бидејќи водат кон уште повисоко ниво на инсулин.
- По првиот час
Почнувате да се чуствувате поспано, многу, многу поспано. Ова се случува бидејќи големиот оброк испраќа порака "одморај дур трае дигестијата", а сета ваша енергија се насочува кон дигестирање на храната. Крвта оди кон органите за варење, па се помалку кислород стига до мозокот. Токму затоа се чуствувате поспано. Не посегнувајте ни кон кафето. Да, ќе ви даде моментален импулс на енергија, но го потикнува лачењето на шеќер во крвта.
Наместо тоа, измешајте лимон и ѓумбир и малку чили, во врела вода. Ваквиот пијалак се однесува како супер херој при дигестирање на храната. Кусата прошетка исто така влијае во намалување на крвниот притисок.
- Во рок од два часа
Вашиот џигер веќе ја претворил храната во нутриенти што ја може да се абсорбираат. Ако резервите на јаглеродни хидрати не се полни (вежбајте пред јадење за да го решите овој проблем), мастите и калориите што ги внесовте се претвораат во краткотрајна енергија. И немојте да пиете додека јадете. Вашето тело не може да го зачува алхохолот, па затоа почнува прво него да го преработува што ќе резултира со неефикасно обработување на мастите и шеќерите или во превод, ваквата навика води кон дебелеење. Ако морате да се напиете барем една чаша, сепак оставете ја за по ручекот.
- По два часа
Вашиот стомак е празен, а крвните садови во нивната првобитна, нормална состојба. Сега е време да закажете час по вежбање за да ја отстраните вината од прејадувањето. Ајде, што чекате !!!
Мора да сте логирани да напишете коментар.