Не постои колекција на плочи во која не се наоѓа барем една песна на Елвис Присли. А додека него го слушаа, и го слушаат луѓе низ цел свет, што слушал тој?
Вредните луѓе од Грејсленд и компанијата Елвис Присли ентерпрајзес, кои се грижат за наследството на Кралот, ги попишале сите плочи од колекцијата на Елвис Присли и направиле попис од 24 страници. Се што се нашло во збирката од повеќе од 1000 албуми и синглови е информација што ќе им биде на располагање само на службените членови на колекционерскиот клуб на Елвис Присли, но новинарите добиле увид во списокото и запаметија што се виделе таму. Како што навел претставникот за печат на Грејсленд Тод Морган, збирката воглавно се состоела на црн ритам и блуз, како и црн и бел госпел. А имало и класична музика.
Во продолжение ви наведуваме само некои од 100тина албуми кои биле дел од колекцијата на „Кралот на Рокенролот“:
- Брамсовата Прва симфонија
- Бетовеновиот Петти концерт за клавир и оркестар
- Моцартовиот Реквием
- Дјук Елингтон - Во живо од Њупорт (Ellington at Newport)
- Плочи од Џими Џонс, Махалија Џексон, Платерс, Дион Ворвик, Боби Џентри, Чак Бери
Интересно е што баш и не сакал групи, собирал многу повеќе плочи од соло уметници.
Меѓу ретките групи во неговата колекција биле Битлси (четири албума), Чикаго и Тртлс.
Мора да сте логирани да напишете коментар.