„Света Софија“ ја крие легендата за еден моќен ковчег

„Света Софија“ ја крие легендата за еден моќен ковчег

 

Обвиткана со историја од 1500 години, изградена на свето место, „Света Софија“ е една од најмонументалните градби во човечката историја а според многумина заслужено го носи епитетот на „Осмо светско чудо“.

Импозантна градба преживеала земјотреси, напади и грабежи, сведочела за падот на две царства, две култури и две вери, а тоа што сепак и покрај сè успеала да му одолее на „забот на времето“ за многумина е доказ дека легендите и митовите кои со векови се раскажуваат за ова место всушност се вистина.

„Столбот кој плаче“, легендата за иконата на Исус и легендата за бродот на Ное се едни од повеќе познатите легенди за „Света Софија“, но во 2012 година тиражниот турски весник Sampach објави статија во која ни откри некои од најзасташувачките тајни скриени помеѓу нејзините ѕидови.

Според авторот на овој текст во „Света Софија“ се наоѓа ковчег направен од бронза и позлата од злато во кој што лежи телото на кралицата Софија. Овој ковчег бил пронајден во периодот кога „Света Софија“, која првично била изградена како христијанска базилика од страна на византискиот цар Јустинијан први во периодот од 532 до 537 година, била претворена во џамија во 1453 година кога Константинопол односно Цариград бил освоен од отоманската војска на чело со познатиот Мехмед Втори. Прво што направил овој султан кога го освоил градот и ја презел „Света Софија“ е тоа што на Источната страна од дотогашната црква, во правец кон светото муслиманско место Мека, го изградил познатиот муслимански михраб, односно место за молитва. Но во текот на градењето на михработ тој и работниците останале затечени од неверојатното откритие кое и ден ден им влева страв на многу верници и историчари.

Според турските легенди со овој ковчег е поврзана една света заповед според која ковчегот не смее никогаш да биде отворен, па дури не смее ниту да биде допрен, бидејќи во моментот кога тоа ќе се случи силна врева од сеизмички размери ќе ги разниша темелите на „Света Софија“ и ќе предизвика настани кои ќе ја сменат историјата на човештвото. Имено според извори од турски историчари ковчегот на принцезата Софија го чуваат четири Архангели: Џибрил, Михаил, Исрафил и Азраел и тие се задолжени да ги спречат сите оние кои би се обиделе да му наштетат на овој ковчег. Ангелите биле поставени како чувари на ковчегот веднаш по падот на Цариград. Турците веруваат дека ковчегот е толку моќен што во моментот кога ќе биде отворен на Земјата ќе се случи Второто доаѓање на Исус Христос и ќе дојде крај на светот што го знаеме.

 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот

Дипломиран филолог по Општа и Компаративна книжевност при Универзитеот „Св.Кирил и Методиј“, Скопје и дипломиран новинар при МИМ (Македонски Институт за Медиуми), со новинарско искуство во печатени и телевизиски медиуми. Во моментов работам како freelancer за македонски и странски веб страници, а во слободно време сум поет, уметник, креативец, раскажувач и книгофил :)