Светот на животните отсекогаш бил предизвик за човекот. Неколку интересни податоци во продолжение.
Волкот е најиздржлив цицач, можи да претрча 200км со брзина од 7 до 8км/ч.
Кенгурот е рекордер во скок на далечина, можи да прескокни дури 13метри.
Сивиот сокол е најбрзото животно, можи да лета со брзина од 300км/ч.
Голиот полжав е најбавното од сите животни. Се движи со брзина од 2м/ч.
Скалестиот орел е птица со со најостар вид. Видот му е од 3 до 5 пати подобар отколку кај човекот.
Капата на Свети Јован е школка со најмногу очи бидејќи ѓи има околу 100.
Дабарот е најголем градител бидејќи неговите градби можат да достигнат должина од 500м, а ширина 40м.
Термитите се исто така многу добри градители. Нивното гнездо можи да достигни висина од 13м.
Морската ѕвезда има исклучителна способност ,а тоа е регенерација.
Свилената буба има најразвиено сетило за мирис благодарение на нејзините антени. Можи да осети мирис на далечина од 11км.
Нојот снесува најголеми јајца. Димензиите на едно јајце се: висина 16см, тежина 1,5кг.
Гепардот е најбрзо копнено животно и можи да достигни брзина од 110км/ч. Браво.
Мрзливецот како што и самото име кажува е најмрзливото животно. Активно е само 2 часа на ден.Па добро некој мора и да одмара:)
Шимпанзото е најинтелегентно од сите животни и можи да научи 300 зборови. Секоја чест.
Арктичката вртимушка е прогласена за најголем патник бидејќи за една година ја заобиколува земјата.
Џиновската желка е рекордер во долговечност. Можи да живее подолго од 150 години.
Пумата е рекордер во скок во височина. Можи да скокни до 7метри.
Отровната жаба има најживописни бои од сите животни. Повеќето од нив се отровни. Среќа што ѓи нема кај нас:)
Златномрежестиот пајак плете најголема мрежа која можи да достигни пречник од 2 метри.
Мајмун врескач е најбучен меѓу цицачите, неговите крици се слушаат на растојание од 3 до 5км.
Африканскиот слон е најтешко копнено животно кое достигнува тежина од 6 тони.
Жирафата е највисока, просечната тежина изнесува 5м.
Синиот кит е најтешко и најдолго водно животно.Неговата тежина изнесува 150тони ,а должина 33 метри.
Самовилското коњче е најбрзиот инсект. Лета со брзина од 80км/ч.
Најголем водоземец е џиновскиот дождалец, возрасна единка достигнува должина од 1,6м а тежина 30кг.
Најдолг клун има белиот пеликан кој изнесува 50см и му служи да ѓи собира рибите кои ги носи во своето гнездо.
Најстариот цицач на земјата е боцкавиот мравојад кој се издвоил од друѓите цицачи пред 150 милиони години. Ах тој чудесен свет на животните. Се читаме повторно.
Мора да сте логирани да напишете коментар.