Што мислиме со тоа ,,телото станува ум“ ?

Што мислиме со тоа ,,телото станува ум“ ?

Постојат две различни работи, а тоа е дека нашето тело е нашиот несвесен ум во смисла ако си седиме и си размислуваме за некое идно сценарио (најлошо сценарио) кое ни се провлекува низ главата, и почнеме да чувствуваме емоција за тој настан. Нашето тело не ја знае разликата помеѓу настанот кој зазема место во нашиот свет (надворешен свет) и помеѓу тоа што го создаваме од самата мисла. Тогаш повеќето луѓе, тие постојано ги потврдуваат нивните емоционални состојби. И кога доаѓа време да се откажеме од таа емоција тие викаат дека навистина сакаат да го направат тоа но навистина телото е посилно од умот, бидејќи е условено на тој начин. Сега слугата станува господар и наеднаш личноста кога ќе стапне во непознатото попрво би чувствувало вина и страдање отколку што би  можело да се предвиди тоа. Да се биде во непознатото е страшно за повеќето луѓе, бидејќи непознатото е несигурно. Луѓето велат ,,Не можам да ја предвидам мојата иднина“ Јас сум во непознатото. За тоа и на тоа секогаш треба да велиме дека најдобар начин да се предвиди нашата иднина е создавајќи ја. Не од познатото, туку од непознатото. Кои мисли сакаме да ги врземе и одврземе во нашиот ум ? Кое однесување и однесувања сакаме да ги искажеме во еден ден ? Чинот на моменталното вежбање, затворањето на очите, вежбањето на акцијата (акцијата на она што го сакаме) Доколку сме навистина присутни мозокот нема да ја знае разликата помеѓу она кое го замислуваме, и она што го искусуваме во вистинскиот свет. Тогаш почнуваме да го инсталираме невролошкиот хардвер во нашиот мозок да изгледа како веќе да се случил настанот. Сега мозокот не е повеќе запис од минатото сега тој е мапа на иднината. И ако продолжиме ова да го правиме со ова темпо хардверот би можел да стане софтвер. И којзнае, можеби би можеле на тој начин да делуваме како среќни личности. Среќни и задоволни. Меѓутоа најтешкиот дел е да го научиме нашето тело на емоционален план. Односно како би изгледала иднината пред актуелното искуство. 

Што ова значи ?

Не можеме да чекаме да се чувствуваме беспомошни. Не можеме да чекаме изобилство во богатство. Не можеме да чекаме да нашата  врска почувствува љубов, или лекувањето да биде целосно тоа е стариот модел на реалноста - причина и последица. Односно, чекајќи нешто надвор од нас да го смени тоа што го чувствуваме во нас. Кога се чувствуваме подобро внатре во нас ние обрнуваме внимание кој или што го предизвикало истото. Повеќето луѓе го поминуваат својот живот живеејќи во недостаток, чекајќи нешто да се смени (таму некаде). Притоа не обрнувајќи на моментот дека самите тие ја имаат потребната моќ да го сторат тоа.

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот