Ракописот може да открие многу за некоја личност и неговиот карактер. Но, кои се главните индикатори со кои може да се дешифрира нечии карактер преку ракописот? Дознајте повеќе за она што го открива вашиот ракопис за вас!
Дознајте малку повеќе за тоа што ракописот на една личност покажува за неговиот карактер.
Големина на буквите
• Мали букви
Луѓето кои пишуваат со мали букви се повеќе како интроверти. Овие луѓе не сакаат големи групи на пријатели, новите познанства ги исцрпуваат и тешко им е да се опуштат пред помалку познати луѓе. Тие не сакаат мултитаскинг и не се добри кога треба да прават многу работи одеднаш. Кога прават нешто, тие се концентрираат целосно и не дозволуваат ништо да им го одвлече вниманието.
•Големи букви
Луѓето кои пишуваат со големи букви, повеќе личат на екстроверти. Тие сакаат да бидат меѓу луѓе, уживаат да запознаат нови пријатели и брзо се прилагодуваат во нови друштва.
Накосени букви
• Наклон на десната страна
Луѓето кои што пишуваат со букви кои се накосени на десна страна, успешно ги контролираат своите емоции. Тие носат емотивни одлуки и ретко се потпираат на логика. Тие се спонтани и импулсивни. Тие ги сакаат непланираните работи во животот во секој поглед.
• Наклон на левата страна
Луѓето кои што пишуваат со букви кои се накосени кон левата страна, се воздржани и пребирливи во нивните реакции. Тие сакаат да бидат сами и да уживаат. Тие сакаат да размислуваат, но без да разговараат за тоа со другите. Тие претпочитаат професии кои не вклучуваат контакт со луѓе.
• Без наклон/ користење на исправени букви
Луѓето кои пишуваат со букви без наклон на лево или на десно, пристапуваат кон секоја ситуација со многу логика. Тие не дозволуваат нивните емоции да ги водат. Тие не се спонтани и планираат сè во нивниот секојдневен живот.
Притисок
• Притискање на буквите врз хартијата
Луѓето кои што притискаат врз хартијата додека пишуваат се луѓе со големи срца. Овие луѓе имаат многу силни емоции, но не секогаш го кажуваат она што мислат затоа што тие добро знаат да ги проценат околностите.
• Нежно притискање на буквите врз хартијата
Луѓето кои што не притискаат силно додека пишуваат едноставно уживаат во животот. Тие никогаш не дозволуваат тривијални работи да им пречат или да ги потиснуваат емоционално. Тие ја гледаат секоја затворена врата како нова можност. Тие уживаат во секоја можност и го прифаќаат секој предизвик без двоумење. Тие не се занимаваат со ништо премногу сериозно.
Растојание помеѓу зборовите
• Мало растојание
Овие се луѓе кои честопати немаат доволно време. Тие често планираат многу, но не успеваат да се справат со распоредот кои што сами го направиле. Тие вршат голем притисок врз себе. Овие луѓе честопати не наоѓаат време за самите себе и за своите потреби.
• Еднакво растојание помеѓу зборовите
Овој тип на луѓе одлично го распоредуваат своето време. Тие секогаш се справуваат со своите задачи. Не само што се подготвени навреме со сè, туку честопати дури и предвреме ги завршуваат своите обврски.
Мора да сте логирани да напишете коментар.