Траума - Зошто толку тешко ја поднесуваме

Зошто луѓето толку тешко поднесуваат траума ?

Колку посилна емоционална реакција имаме во некое искуство во дел од нашиот живот, колку е посилен емоционалниот количник, толку повеќе внимание одржуваме на причината. Моментот кога мозокот го става целото внимание на причината потребно е само слика.

Тоа се нарекува меморија. Долгорочните сеќавања се создаваат од многу силни емоционални доживувања. Она што тогаш се случува е тоа дека луѓето мислат невролошки, со цело сликовито доживување. И тие тогаш се поврзуваат хемиски во границите на тие емоции. Значи кога имаме емотивна реакција кон некого, или кон нешто повеќето луѓе мислат дека тие не можат да ја контролираат таа реакција. Но всушност можеме да кажеме дека доколку дозволиме да таа емоционална реакција трае со часови или пак со денови тоа се нарекува расположение. Доколку ја задржиме таа иста емоционална реакција со недели или пак со месеци, тоа веќе се нарекува темперамент. Ако на пример задржиме некоја емоционална реакција која прави да се чувствуваме негативно, тоа пак се вика особеност на личноста. Учејќи како да ги скратиме овие насоки на овие емоционални реакции, тоа е всушност она што го говориме. Значи кога луѓето имаат некаков настан она што прават е да се сеќаваат постојано на тие настани бидејќи постојат стрес хормони поврзани со истите настани.

Преживувачките емоции ни велат да внимаваме на она што се случува бидејќи треба да бидеме повеќе подготвени доколку би се случило нешто слично повторно. Испаѓа дека повеќето луѓе поминуваат 70 % од нивниот живот живеејќи односно преживувајќи и живеејќи во стрес, па тие секогаш предвидуваат и го претпоставуваат најлошото сценарио базирано врз претходното нивно искуство. Тие буквално надвор од бесконечниот потенцијал во квантното поле го одбираат најлошиот можен исход и со тоа почнуваат емоционално постепено и да го прифаќаат. Го претвораат своето тело и го доведуваат во состојба на страв. Доколку ова го направат повеќе пати телото ќе почне да враќа со напади на паника, без ние тоа да го дури и предвидиме. Ова се случува бидејќи така претходно ние самите сме се програмирале несвесно (потсвесно). Значи тогаш, доаѓа моментот кога на таква личност и се обраќаме : ,, Зошто си ваков“ ? Ваква ? Што ова значи од биолошко гледиште ? ова значи дека тие на кои им се случило ова не биле способни да се променат воопшто после тој настан од некое минато. Тогаш емоциите од тоа искуство имаат тенденција или тежнеат да му дадат на телото и на мозокот ,,наплив на енергија“. На овој начин луѓето стануваат ,,зависни“ на напливот од тие емоции и ги искористуваат самите проблеми и прилики во животот да ги потврдат нивните ограничувања. За барем малку и за миг да почувствуваат нешто.  И сега, кога доаѓа време за промена едноставно и велите на личноста ,,Зошто си ваква“ ? Ваков ? Секојпат кога тие ќе се присетат на некој настан тие произведуваат иста хемија во нивниот мозок , како да моментално се случува тој настан. Отпуштањето и поврзувањето на истите кола ја испраќаат истата емоционална порака до телото. Која е поврзаноста ? Нашето тело е несвесниот ум. Не ја познава разликата помеѓу искуството кое ја создава емоцијата и емоцијата која ја креираме со мислите заедно така што телото верува дека живее во исто време (односно во минатото искуство). 24/7 , 365/1 така да на овој начин емоционалното влијание влијае врз одредени мисли, со што пак тие мисли создаваат исти емоции, потоа повторно тие емоции влијаат врз истите мисли и така натаму во круг. На овој начин односно сега, целосното постоење на една личност е во минатото, така што најтешкиот дел кај промената е да не ги повторуваме и повторно да ги правиме истите избори кои сме ги правеле денот претходно. И во моментот кога ќе одлучиме да направиме поинаков избор треба да се подготвиме, бидејќи ќе нема да ни биде баш пријатно. Жиците во нашата глава стануваат повеќе заплеткани. Ова значи дека кога имаме некоја мисла, програмот работи. (во нашата глава) Но, емоцијата е таа која ја следи мислата. На пример, доколку имаме некоја страшна мисла ќе чувствуваме немир, анксиозност, и раздразливост, во моментот кога ќе осетиме немир, мозокот се проверува со нашето тело, и вели, да, ти си прилично ,,растревожен“. И тогаш почнуваме да имаме повеќе истородни мисли, кои пак се еднакви на она кое го чувствуваме во моментот. Вишокот на овој круг, го условува телото, за да би постанало умот. Така да, кога доаѓа време за промена ние одиме кон таа промена која сами мораме да ја направиме и наеднаш не се чувствуваме повеќе исто.

Телото ни вели ,,Ова го правиш 35 години“ и наеднаш ќе престанеш да страдаш, и да прекинеш да се чувствуваш виновен да прекинеш да се чувствуваш засрамен, и нема да се жалиш или да обвинуваш некого како и да наоѓаш изговори и да се самосожалуваш. Телото е во нешто непознато.  Тоа пак ни вели и ќе ни вели дека сака да се врати во познатата негова територија (комфор зона) Тука веќе телото почнува да влијае врз умот, и му вели : ,,Почни утре“ ист си како мајка ти, никогаш нема да се смениш, ,,Ова тешко дека ќе ти успее“ ,,Ова е погрешно“ Доколку одговориме на оваа мисла како на пример да е вистинита таа иста мисла ќе не води до истиот избор што пак ќе не води до истото однесување кое ќе го создава истото искуство кое пак ќе ја продуцира истата емоција.

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот