Брза интернет заботка е она што го привлекува сечие внимание во денешно време. Но, доколку навистина сакате да заработите на интернет заборавете на заработката преку кликање на реклами, гледање видеа и слично. Не се надевајте дека навистина ќе заработите брзо и лесно преку објавите за работа означени со „лесни пари“.
Голем дел од луѓето се во голема заблуда за тоа како да заработат пари на Интернет. Затоа често ќе го слушнете изразот „пари од интернет“. Всушност, парите не доаѓаат од самиот интернет, односно од самото користење на интернет.
Она што е најважно да се разбере е дека за да заработите пари преку Интернет, треба да поседувате одредени вештини. Кои се луѓето што заработуваат добри пари на Интернет? Тоа, се истите луѓе, които можат да заработат пари и без Интернет, односно да заработат пари без да бидат вклучени на интернет додека работат за да заработат. Да, точно прочитавте.
Постојат повеќе начини за заработка на интернет, но еве три едноставни начини за заработка.
Три докажани начини за брза и сигурна интернет заработка
1. Заработете пари преку Интернет преку вашиот блог
Постојат многу начини за започнување на сопствен блог. Најдобро е да ангажирате професионалец кој што ќе го направи вашиот блог. Може да го искористите својот блог за да продавате некој ваш сопствен производ или да нудите нечиј друг производ.
На пример, ако имате фитнес-блог, можете да пишувате совети за правилна исхрана, а можете и да понудите додатоци во исхраната. Се разбира, прво мора да имате добра содржина што ви носи добар сообраќај на блогот и читатели кои се подготвени да ги купат производите што вие ги нудите.
Сепак, не е се така лесно како што изгледа. Треба да знаете дека дури ако имате и добри производи кои што ги нудите, доколку немате соодветена маркетинг програма, вашата продажба ќе остане на ниско ниво. Значи, покрај вашиот блог, треба да имате квалитетни производи и добар маркетинг, па да бидете задоволни од вашата заработка.
2. Хонорарна работа
Постојат многу луѓе кои што заработуваат преку интернет во моментов. Тоа се луѓето кои што работат преку страните кои што нудат хонорарна заработка како што се Upwork, Freelancer, Peopleperhour и слично. На овие сајтови компаниите и поединците поставуваат реклами за своите проекти за кои можете да аплицирате. Има различен вид на проекти како што се истражување на Интернет, превод, пишување статии, дизајн на веб-страница и друго. Значи, за да работите и да заработите на овој начин потребни ви се одредени вештини.
Постојат и проекти како „внесување податоци во ексел“, што веројатно секој може да го работи, но тука конкуренцијата е огромна, а заработката е смешна. 3 долари за еден час за внесување на податоци во ексел. 7 долари за пишување на четири статии и тоа на англиски јазик.
Недостатоци на овие платформи се тоа што мора да знаете англиски и дека повеќето проекти се со ниска заработка. Дополнително, ако сте нови во оваа работа, може да ви требаат неколку месеци за да го пронајдете првиот проект. Друг недостаток е што честопати за да аплицирате за работа (проект) прво мора да сработите нешто бесплатно. И трето лошо е што многу клиенти се од Соединетите Американски Држави и претпочитаат да работат со луѓе од таму - и заради временската разлика и заради потребното познавање на културата.
Според моите истражувања на такви хонорарни проекти најмногу пари заработуваат:
- софтвер дизајнери (програмери)
- веб-дизајнери (изработка на веб-страници)
- графички дизајнери (изработка на транспаренти, постери, летоци, итн.)
Формулата за заработка пари преку Интернет како хонорар е:
1. соодветни вештини (+ англиски) = шанса за заработка
2. Шанса за заботка + работа = работа на мали проекти
3. мали проекти + повеќе работа = поголеми проекти
Англискиот јазик е задолжително доколку планирате да користите веб-страници како People per hour или Upwork. Доколку сакате да заработите преку Интернет преку ваша веб-страница или блог, а сакате странски клиенти, повторно ви треба англиски јазик.
3. Интернет тргување со акции CFD или FOREX
Оваа опција е многу различна од претходните две.
Прво, тука можете да започнете веднаш. Не треба да вложувате време во развој на веб-страница / блог, ниту пак треба да аплицирате за еден куп проекти.
Второ, потребни се пари за да започнете. Може да започнете со помалку пари, но тогаш ќе заработувате побавно.
И трето, за разлика од горенаведените две опции, овде постои и ризик од губење пари. Да, постои голем ризик од губење пари. (За претходните две, ризикувате само да потрошите време.)
Затоа, треба да бидете многу внимателни и соодветно едуцирани за овој тип на заработка.
Тука формулата за заработка пари е:
1. пари + вештини + знаење = шанса за заработка
2. шанса за заработка + малку среќа = пари
3. шанса за заработка + лоша среќа = губење пари
ЗАКЛУЧОК
Како заклучок, повторно ќе повторам дека за да заработите вистински пари преку Интернет (т.е. некои нормални пари, а не 50 евра месечно), мора да поседувате соодветни вештини.
Многу е подобро да се фокусирате на тоа како да заработите пари од вашите вештини, а Интернетот да го користите само како начин за полесен маркетинг.
Мора да сте логирани да напишете коментар.