Урина -за што се се користи оваа жолта течност

 

Жолта течност која е излачена од нашите бубрези се покажала како екслузивно средство и извор на енергија, но како и корисна во експерименталниот дизајн.
Во прилог ќе видиме за што се се користи оваа течност.

 

Загревање

primena urina

 

Сопствениците на амбар во Јапонија добиле бројни награди за експериментален проект за загревање на становите користејќи урина. Во оваа куќичка која ја дизајнирала лабораторијата на „Кеио Универзитет“, живее еден коњ и двајца сопственици, а топлината и огранското ѓубриво за растенијата се добива од коњската урина. 

 

 

За изработка на мебел

Британскиот студент по уметност Петер Тимбле со помош на машина која сам ја направил изработил столица користејќи бактерии, песок и урина. Овој ефтин, нискоенергетски производ е резултат на биолошки реакции, а после одреден временски период кога производот ќе го помине својот животен век може да се искрши и да се користи како ѓубриво за растенијата. 

 

 

Во кулинарството

 

kulinarski specijalitet

Девенствените јајца се необичен кинески деликатес направен од јајца зготвени во урината на деца помлади од 10 години. За ова јадење кое е традиционален пролетен оброк во градот Доѓангу кажуваат дека има магична нутривна вредност која помага во зајакнување на имунолошкиот систем. 

 

 

Во стоматологијата

 

mokraća

Вештачките заби со векови се правеле од различни материјали како што се животинска коска, дрво или злато. Научниците од Институтот за биомедицина и здравје од кинескиот град Гуанжоа, со помош на матични клетки издвоени од урината и измешани со други органски материјали, неодамна изумиле начин на изработка на заби користејќи урина.

 

 

За полнење на мобилен телефон

 

Тим на научници од бристолската Лабораторија за роботика направиле изум и го креирале првиот телефон на светот кој се полни благодарение на урина. Овој телефон во суштина користи клетки кои се запаливи и се наоѓаат само во урината, а електричната енергија ја создаваат како нуспроизвод. 

 

 

Како извор на енергија

mokraća

Четири девојки од 15-годишна возраст од Нигерија измислиле генератор кој шест часа произведува енергија од само еден литар урина. Уредот кој е претставен на Саемот за изумители на Африка, содржи електронски ќелии кои се издвојуваат од урината со водород кој подоцна се пречистува и се цеди низ цилиндар полн со боракс. Последниот чекор го отстранува вишокот на влага па таквиот водород се користи за производство на енергија. 

 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот