Насекаде слушаме информации дека фармацевтските компании кои соработуваат со американската влада треба да започнат со активно производство на вакцина против новиот коронавирус до крајот на летото. Меѓутоа, материјалите за вакцинирање не се знае кога точно ќе бидат пуштени во производство, но најверојатно тоа би било кон крајот на септември или почетокот на октомври.
Дали вие би ја примиле вакцина против корона вирусот COVID-19?
Одамна кружи информацијата дека сето ова сценарио е однапред смислено и дека примарната цел на оваа пандемија е да се вакцинира целото население.
Многу луѓе сметаат дека не треба да се вакцинираат, но има и такви кои што сметаат дека вакцината е неопходна и дека тоа единствениот начин да се запре ширењто на корона вирусот.
Различни специјалисти, матични доктори, научници веќе подолг период излегуваат на прес со различни мислења и различни решенија за спречување и искоренување на овој вирус.
Ние секојдневно носиме маски за да се заштитиме, иако не знаме дали навистина не штитат, бидејќи во спротивно ќе добиеме парична казна.
Дали ќе бидеме принудени да примеме и вакцина како што сме принудени да носиме маски на ова жешко време?
Интересно е тоа што владата на претседателот Доналд Трамп финансиски го поддржа развојот на вакцината против Ковид-19 преку специјална програма. Досега се доделени грантови од неколку стотици милиони долари до повеќе од една милијарда за компании, вклучувајќи ги и Џонсон и Џонсон, Модерна, АстраЗенека и Нововакс.
Пред неколку дена слушнавме на вестите дека околу 4.000 доброволци се пријавиле како учесници во истражувањето за создавање на вакцина против коронавирус во универзитетска болница во германскиот град Тибинген. Клиничкото испитување веќе започнало во средината на јуни на универзитетската клиника за да се тестира толеранција кон вакцината.
Оттогаш, доброволците учествуваат во истражувањето и според тамошните новинари досега не се случиле изненадувачки несакани ефекти. Да, не се случиле изненадувачки несакани ефекти, но ние не сме информирани кој се очекуваните несакани ефекти. Никој не излегува со таква информација.
Клиничкото испитување е т.н. прва фаза. Доколку биде успешна, ќе има дополнителни истражувања со многу повеќе луѓе на кои ќе се тестира вакцината.
КјурВак работи на т.н. вакцини за mRNA - mRNA кој е еден вид молекул што содржи „упатства“ за производство на протеини. Вакцината направена од КјурВак содржи mRNA со упатства за изградба на протеин од коронавирусот Sars-CoV-2 (Sars-CoV-2).
По вакцинацијата, човечките клетки го формираат овој протеин, кој телото го препознава како туѓо страно тело. Затоа, за да се заштити, телото произведува антитела и други имунолошки клетки против него.
Дали вие би се согласиле да примите вакцина covid-19?
Мора да сте логирани да напишете коментар.