Vincent van Gogh (30 март 1853 - 29 јули 1890) , генијалност, страдање и бесмртност

На денешен ден 1890 година починал Винсент ван Гог, еден од најголемите сликари на сите времиња.
Бил претставник на пост-импресионизмот.

 

 

Роден во Зундерт, Холандија на 29 јули 1853, во текот на неговиот животен пат кој траел 37 години, постојано, поради потребите за работа а посебно неговата професија, која ќе го одбележи како еден од најголемите творци во историјата на човештвото, менувал места на живеалиште, на релација Холандија-Белгија-Франција-Англија, низ градовите Боринаж, Етен, Париз, Арл, Ст. Реми, Хаг, Лондон.

 

Неговите дела ги карактеризира, пред се, една емотивна искреност претолчена во храбри бои.
Со цртањето почнал уште како дете, и иако сликарството не било него првично занимање, сепак во неговите доцни 20ти години, како последица од низа потресни случувања додека работел како свештеник во најсиромашните места, одлучил да стане сликар.

Многу од неговите најпознати слики ги насликал во последните две години од неговиот живот кога на трагичен начин, водејќи борба со својата депресија и анксиозност, како и менталната болест кои биле негов пропратен дел низ целиот негов приватен и професионален живот, починал како последица од обидот за самоубиство.

 

 

Апсурдот кај ван Гог е тој, што за време на неговото творење не бил прифатен скоро од никого, нити бил познат и славен. Благодарејќи на неговиот брат Тео, успевал да продаде по некоја слика или да добие работа во некое атеље, или салон.
После неговата смрт, но и децении подоцна, станува славен, а неговите слики вредат во милионски суми. 

 

За време на своето творештво изработил повеќе од 2000 дела, вклучувајќи 800тини слики на платно и повеќе од 1200 акварели, цртежи, скици и графики.
Неговиот опус ги опфаќа автопортретите, пејзажите, мртвата природа, а најчести мотиви му биле сончогледите, чемпресите и пшениците.

 

Генијалец со тажна судбина, нескротлив и хуманистички дух, кој сочуствувал и во себе секојдневно се борел со маката и тешкиот живот на обичниот, сиромав човек, и животните судбини одредени на секојдневни страдања.

 

Покрај нашиот избор од 10 негови најпознати слики, ви ги препорачуваме и:

Книгата „Lust for life“ (Жед за живот) негова биографска книга напишана од Ирвинг Стоун, како и неколкуте филма и документарци снимени во чест на животот и делото на големиот уметник, пред се истоимениот филм „Lust For Life“ (1956) со Кирк Даглас во улога на Винсент, како и „Vincent and Theo“ (1990), „The Eyes of Van Gogh“ (2005), „At Eternity’s Gate“ (2018).

 

 

Десетте најпознати и највредни слики на Винсент ван Гог, према многу уметнички критичари, и познавачи на ликовната уметност:

 

10.  Wheat Field with Cypresses (Полиња со чемпрес)

Година: 1889
Сопственост: The Tate Gallery, London (лева слика), The National Gallery, London (десна слика)

 

 

09. The Bedroom (Спална соба)

Година: 1888, 1889
Сопственост: The Van Gogh Museum (лева слика), Amsterdam, The Musée d’Orsay, Paris (десна слика)

 

 

08. The Potato Eaters (Јадачи на компири)

Година: 1885
Сопственост: The Van Gogh Museum, Amsterdam

 

 

07. The Mulberry Tree (Дудинка)

Година: 1889
Сопственост: The Norton Simon Museum, Pasadena

 

 

06. Starry Night Over the Rhone (Ѕвездена ноќ над Рона)

Година: 1888
Сопственост: The Musée d’Orsay, Paris

 

 

05.  The Café Terrace on the Place du Forum, Arles, at Night (Кафе тераса, Арл, навечер)

Година: 1888
Сопственост: The Kröller-Müller Museum, Otterlo

 

 

04. Irises (Перуники)

Година: 1889
Сопственост: The Getty Center, Los Angeles

 

 

03. Blossoming Almond Tree  (Рацветано бадемово дрво)

Година: 1890
Сопственост: The Van Gogh Museum, Amsterdam

 

 

02. Sunflowers (Сончогледи)

Година: 1888, 1889
Сопственост: The National Gallery, London (лева слика), The Philadelphia Museum of Art, Philadelphia (десна слика)

 

 

01. The Starry Night (Ѕвездена ноќ)

Година: 1889
Сопственост: The Museum of Modern Art, New York

 

 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот

Низ мојата омилена парола "Without ART, Earth is just just EH", во прв план и како за мене битни секогаш ги ставам музиката, филмот и уметноста општо. Понекогаш и некоја добра книга, и фудбал секако. Обожавам квизови и енциклопедии, а батериите највеќе ми ги полнат звуците на природата, далеку од метежот и гужвите.