Вистинските лидери не ги изговараат: Ова се 15 зборови кои треба да ги заборавите

Се’ што ќе изговорите треба да ги потикне вашите соработници. Меѓутоа, лошиот избор на зборови може да го направи спротивното, па неместо тоа да ги потцените соработниците или оние кои работат за вас.

Дали знаете дека секој јазик има повеќе негативни отколку позитивни зборови? Како на сите да им е потребно повеќе да ги опишат своите непријатни чувства отколку да ги искажат своите позитивни чувства.

Лингвистите проучувале повеќе култури и дошле до заклучок дека повеќето од нив имаат зборови за 7 основни емоции: радост, страв, бес, тага, гадење, срамота и обвинување.

Затоа често ви е поедноставно и поприродно да опишете она што е лошо и што не ви се допаѓа, а кога треба некој да пофалите, тогаш ви е доволно само да кажете „Браво“.  За лидерите тоа не е случај.

Кога се занимавате со меѓународна работа, мора да ги имате во обѕир и непишаните правила кои важат за земјите со кои соработувате. Тука се законите, начините на работење и склучувањата на договор – се’ ова мора да го совладате за да успешно пливате во интернационалните професионални води. Сепак, постојат некои општи правила кои треба да се прифатат.

Кои реченици треба да ги заборавите за успеете и да стане раководител, а истовремно да станете ментор и идол?

 

Не можеш

Ако ова често го кажувате на некој на кој му е важно вашето мислење, а доколку го повторите неколку пати на крајот ќе ви поверува. Не треба да давате лажна надеж, но подобро е да покажете подобар начин за решавање на проблемот.

 

Глупо

Не постои ситуација која треба да ја опишете на ваков начин.

 

Неодговорно

Бидете многу внимателни, бидејќи овој збор во професионалниот свет има голема тежина. Затоа добро размислете дали ќе го користите.

 

Не

Истражувањата покажуваат дека луѓето престануваат да ве слушат кога на прашањето одговарате „не“. Тоа не значи дека се треба да одобрувате, но обидете се да го ублажите одбивањето.

 

Неуспех

Неуспехот не произлегува од  луѓето, туку од активностите. Освен тоа, многу ретки се ситуациите кога една личност е одговорна за неуспехот на еден проект – тоа секогаш е „тимска“ работа.

 

Лошо

Овој збор не значи ништо, без разлика дали се однесува на личност или на работата. Со тоа искажувате став, но никој нема нешто да научи.

 

Срамота

Ако некој ви рекол да се срами од она што сте го направиле или сте кажале, знаете колку сте повредени. Дали тоа се однесува и на работата?

 

Неспособен

На кога и да се однесува, вие сте виновни. Кога водите некој тим, вие сте одговорни за неговите членови.

 

 Мрaзам

Невозможно е овој збор да не сте го употребиле. Повеќе немој да го користите.

 

Разочараност

Во професионалниот свет никој не сака да ве фасцинира. Затоа не може да бидете разочарани од нечие однесување, туку од исходот.

 

Погрешно

Понекогаш нема сомнеж дека нешто е направено погрешно, но доколку некој погрешил тогаш вие на културен начин треба да му укажете на грешката, а не да ги прозивате пред сите.

 

Досадно

Досадни се работите, приказните и појавите, а не луѓето. Како лидер, треба на сите да им дадете доволни прилики за да ве убедат дека сте интересни.

 

Мрзлив

Кога некој е мрзлив, невозможно е да не е свесен за тоа, а тоа значи тоа што го прави го прави намерно.

 

Никогаш

Не постојат апсолутни вистини, па така не е добро да го користите зборот „никогаш“ и „секогаш“. Нешто ако не сте направиле сега, не значи дека нема да го направите тоа кога ќе се променат околностите.

Сигурно постојат уште многу зборови и речници кои треба да ги исфрлите од сопствениот живот, но почнете од овие.

 

 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот